Музеј на глувчето

(Пренасочено од Музејот на глувчето)

Националниот етнографски музеј Мишкин се наоѓа во градот Мишкин во Јарославска област, Русија .

Фасада на музејот

Опис

уреди

Основан е во 1990 година, а исто така е познат и како Музејот на глувчето поради тоа што во него има околу 2.000 предмети поврзани со глувци од целиот свет. Глувците се изработени од разни материјали со употреба на разновидни уметнички техники и прават колекција. Има собрано парчиња од разни земји. Во 1996 година, музејот Мишкин го одржал меѓународниот фестивал „Глувче-96“.

Секоја деценија кога во кинескиот календар е година на стаорецот, градот Мишкин исто така организира голема прослава. Последниот ваков настан се случил во 2008 година, а меѓу славениците бил и претседателот Дмитриј Медведев, кој имал приватна турнеја низ градот и добил еден примерок од книгата „Градот со име глушец“, која е илустрирана за деца во одделни руски и англиски изданија напишани од страна на Роберт Аронсон и илустрирана од Марина Зорина.

Персоналот кој работи во Музејот на глувчето, исто така, управуваат со уште четири други музеи во Мишкин како што се: Музеј за навигација, Музеј на уникатни машини, отворен Музеј на дрвена архитектура и Музеј посветен на пронаоѓач на вотка, Смирноф.

Мрежното место „Кинг-Мисхаус“ работи и со виртуелно MouseLand на Архивирано на 2 април 2006 г. Кралството. Во една од зградите ви близина имало пожар, но и покрај тоа Музејот на глувчето останува „жив и здрав“ и е една од главните туристички знаменитости во Златниот прстен на Русија . Секоја година повеќе од 100.000 луѓе го посетуваат градот и многуте музеи во него.

Надворешни врски

уреди