Муасанит
Муасанит е редок минерал од класата на природни карбиди со состав SiC (силициум карбид). Формира мали безбојни кристали со дијамантски сјај. Синтетичката варијанта и техничкиот производ се слични по структура и состав — карборунд.
Природниот муасанит може да се најде само во занемарливо мали количини во некои типови метеори и во наоѓалиштата на корунд и во кимберлитите; природните монокристали не надминуваат димензии од неколку милиметри.[1] Природниот муасанит за прв пат бил откриен во 1893 година во Аризона од страна на Фердинанд Анри Муасан, во чија чест и бил наречен минералот во 1905 година.[2]
Во последните децении се појави технологија на создавање на големи провидни синтетички монокристали на муасанит кои често се користат за имитација на брилијанти.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Silicon carbide“. chemeurope.com. Посетено на 2022-07-04.
- ↑ „Learn About Moissanite“. keyzarjewelry.com. Посетено на 2022-07-04.
- ↑ „Synthetic Moissanite: A New Diamond Substitute“. gia.edu. Посетено на 2022-04-07.