Мојата херојска академија
Мојата херојска академија (јапонски: 僕のヒーローアカデミア, англиски: My Hero Academia) — манга напишана и илустрирана од Кохеи Хорикоши. Приказната го следи Изуку Мидорија, момче родено без супермоќи (наречени чудности) во свет каде што станале секојдневие, но сепак сонува да стане херој. Тој се среќава со Семоќниот, највеликиот јапонски херој и симбол на мирот, кој ја пренесува својата чудност на Изуку откако ќе го препознае неговиот потенцијал.
Првото поглавје на мангата било објавено на 7 јули 2014 г. во број 32 од Weekly Shonen Jump.[1] Серијата била лиценцирана за англиско издание од Viz Media и започнала со серијализација во нивното неделно цифрено списание Weekly Shonen Jump на 9 февруари 2015 г.[2] Мангата била адаптирана во аниме-серија, чија прва сезона се прикажувала од 3 април до 26 јуни 2016 г., а втората сезона прикажувана од 1 април до 30 септември 2017 г.[3] Третата сезона била премиерно прикажана на 7 април 2018 г.
Содржина
уредиДејството се одвива во свет каде што повеќето луѓе се раѓаат со необична способност наречена „чудност“ (јап. 個性, букв. „самостојност, самостоен карактер; карактеристични особини“). Меѓутоа, главниот лик, Изуку Мидорија, е роден без чудност. Сонувајќи еден ден да стане херој (ヒーロー), тој тврдоглаво се обидува да постигне невидена моќ и да се доближи до својата мечта. Откако ќе го запознае својот идол Семоќниот, тој ги стекнува сопствените супермоќи и одлучува да се запише на академијата „Јуеј“ (UA; јап. 雄英高校). И покрај тоа што практично паѓа на приемниот испит, Изуку сепак влегува во посакуваната образовна установа.
Наводи
уреди- ↑ „"Shonen Jump to Launch 4 Manga Series in Next 3 Issues"“. Anime News Network. Архивирано од изворникот на 2014-12-05. Посетено на 2016-09-03.
- ↑ „"Viz's Shonen Jump Adds My Hero Academia"“. Anime News Network. Архивирано од изворникот на 2015-01-28. Посетено на 2016-09-03.
- ↑ „"My Hero Academia TV Anime Adaptation Confirmed"“. Anime News Network. Архивирано од изворникот на 2015-11-01. Посетено на 2016-09-03.
Надворешни врски
уреди„Мојата херојска академија“ на Ризницата ? |