Удевала е мост во градот Удевала Шведска. По него минува европската рута на автопатот Е-6. Мостот го премостува теснецот Сунинг. Мостот е под директна надлежност за одржување и контрола на Шведската национална управа за патишта.

Одлики:

уреди

Вкупната должина на мостот е 1.712 метри. Најдолгиот распон изнесува 414 метри. Висината на мостот изнесува 51 метри. Мостот е висечки со затегнување на сајли.[1][2]

Историја:

уреди

Овој мост е изграден во 2000 година, а официјално е отворен на 20 мај 2000 година.

Дневниот проток на автомобили изнесува околу 10.000 возила.

Вкупното време на изградба на овој мост е 4 години и тоа од 1996  до 2000 година.

Конструктивното инженерство го има извршено Џош  Холт Ас и Сканска техник. Сајлите на кои виси мостот се изработени од челик, а самиот платформен дел од армиран бетон. Биле употребени околу 9.000 тони конструктивен челик и околу 12.000 000 кубни стапки на бетон. Вредноста на мостот изнесува околу 900.000.000 шведски круни или 111.000.000 американски долари. Проблем се јавува во зима кога мразот се наталожува на челичните сјали и потоа може да падне врз автомобилите кои минуваат по истиот. Поради овој проблем мостот во текот на зимата мора неколку пати да се затвора и да се чистат сајлите. Додека мостот е надвор од употреба се користат алтернативните решенија по заобиколните патишта кои се подолги за речиси 13 километри.

За интервенцијата за отстранување на мразот се користи методата со електрична енергија која за многу кратко време го одмрзнува мразот.

Наводи

уреди
  1. Uddevalla BridgeStructurae (англиски)
  2. „Vackra broars väg“ [Road of beautiful bridges]. www.trafikverket.se. Swedish Transport Administration. Посетено на 3 January 2016.