Момчил војвода
Момчил војвода (почетокот на 14 в. – крепоста Перитеорион, 7 јули 1345) – феудален витез и деспот.
Бил независен владетел во Родопите, од каде што ја проширил својата територија на исток и на југ до Егејското Море. Соработувал и се судирал со соседните владетели и меѓу првите се нашол на удар на османлиските навлегувања. Загинал во борба со Османлиите предводени од смирненскиот паша Умур. Во народните песни за него, кралот Волкашин и кралот Марко се испреплетени мотиви што се далеку од историската вистина.
Градот Момчилград во областа Крџали е наречен по него. Името е дадено во 1934 г. кога е сменето неговото претхдно име Мастанли .