Моите Џебни Миленичиња
Моите Џебни Миленичиња е италијанска анимирана ТВ серија основана на играчки со истото име. Се одликува со авантури на мали миленичиња каде што Фло (Кејт во Англиската верзија) и Меџик мораат да им помогнат на миленичињата од Покетвил да го пронајдат својот пат до децата во вистинскиот свет и да ја земат принцезата Ава, која била протерана во вистинскиот свет од нејзината сестра Ева, назад во Покетвил. Серијата е продуцирана од Giochi Preziosi, MEG Entertainment Group, и Mondo TV, и дистрибуирана низ целиот свет од Turner Broadcasting System. Серијата започна да се емитува на Бумеранг во САД на 1 јануари 2012 и репризите прекинати во 2013 година.
Моите Џебни Миленичиња | |
---|---|
Жанр | анимирана cерија , магичен девојка , животни |
Земја на потекло | Italy |
Бр. на серии | 1 |
Бр. на епизоди | 52 |
Продукциска куќа | Giochi Preziosi MEG Mondo TV |
Дистрибутер | Turner Broadcasting System |
Прикажување | |
Првична мрежа | Boomerang , Телевизија Алфа |
Сликов формат | 1080p |
Првично прикажување | 25 октомври 2010 | – 19 декември 2011
Во 2012 година Телевизија Алфа канал се емитуваше првично на македонски јазик од teacloros студио, и ја запре во последно време 2013
Ликови
уреди- (Фло):Кејт е десет годишно девојче. Нејзината облека се менува секој пат кога таа и Меџик одат и заминуваат од Покетвил до големиот град. Со срцето на пријателството, таа може да ги разбира животните. Кон финалето, нејзиното чисто срце дозволува Принцезата Ава да го преобрази срцето на пријателството и магичната фонтана, така што таа и Меџик ќе можат да го посетат Покетвил кога и да посакаат. Гласот е позајмен од Стефани Схех.
- Меџик: Германскиот овчар на Кејти. Неговото вистинско име е Ористолфо. Гласот е позајмен од Марк Хана.
- Принцезата Ами (Ава): Сијамско маче кое е владител на Покетвил. На крајот од серијата таа се враќа во Покет кралството благодарение на Кејт и Меџик. Според Петбустер принцезата Ами е фелес аулицус (на италијански сијамско маче). Гласот е позајмен од Пруденс Алкот.
- Кралската гарда: Тим од две кученца и две мачиња кои и слижат на Принцезата Ами, и и помагаат на Кејт и Меџик против Има и нејзините потчинети. Сите се обучени од страна на јагнето Стил Вул.
- Вилијам: Златен Ретриевер(вид куче) кој се појавува како водач на кралската гарда. Вообичаено понекогаш наоѓа магични капки. Гласот е позајмен од Сем Голд.
- Киро (Дани): Неаполски Мастиф кој е член на кралската гарда. Главно служи како шегобиец. Гласот е позајмен од Ричард Епкар.
- Балун: Бело и сиво маче кое е член на кралската гарда. Понекогаш наоѓа магични капки. Гласот е позајмен од Хавиланд Стилвел.
- Мела: Калико маче кое е член на кралската гарда. Гласот е позајмен од Кејт Ли.
- Крилеста гарда: Тим од ќелави орли кои служат како воздушна помош на Покетвил кралството.
- Евершел:мудра желка. Тој им помага на Кејт,Меџик и на кралската гарда преку разни гатанки кои им ги кажува. Негов далечен роднина е Слоупоук, еден од многуте животни на кои Кејт и Меџик им помогнале да дојдат до децата.
- Спот (Валас): Скитник куче со Шкотски акцент кое и помага на Принцезата Ами додека таа талка низ улиците. Исто така се чини дека е Шкотски Териер. На крајот, Ами му понудува место во Кралската гарда, но тој одбива. Гласот е позајмен од Фил Лолар.
- Коти:Зборлива коала која служи како секретар одговорен за случувањата кралското собрание.
- Холидеј: Петел кој и дава нова јака на Ами на крајот од серијата.
- Петар: Татко и на Кејт.
- Марија: Мајка и на Кејт. Најчесто во сезоната, таа работи на друго место.
Антагонисти
уреди- Има (Ева):Сијамско маче. Злобната сестра на принцезата Ами која сака да владее со Покетвил. Таа се обидува да го украде срцето на пријателството од Кејти. Нејзиното скривалиште секогаш е сивото мочуриште. Гласот е позајмен од Реба Вест.
- Зул и Горт: ротфајлер и питбул, соодветно. Две кученца кои и се потчинети на Има. Како и нивната улога, тие не се толку светли и често прават збрка. Гласот на Зул е позајмен од Ричард Епкар, а на Горт од Арон Алберт.
- Кракен: Врана која служи како воздушен гласник на Има. Преку непријателскиот ритуал, Кракен има можност да оди во големиот град.Гласот е позајмен од Кетрин Вилсон.
- Дурила:Женски крокодил.Таа е наречена од Има да биде негативниот одговор до Евершел. Таа и објаснува на Има за Непријателскиот ритуал, кој е одржан во долината на никој.
- Петбустер: Главниот човек-антагонист. Од Валас е опишан како најлошиот од сите луѓе. Заробува миленичиња и нелегално ги продава на аукции. На крајот тој ја заробува Има, наместо Ами, тврдејќи дека тоа што го барал таа ќе го направи.
Надворешни врски
уреди- Моите Џебни Миленичиња на Семрежната филмска база на податоци (англиски)