Михаелис–Ментенова кинетика
Во биохемијата, Михаелис–Ментеновата кинетика е еден од најпознатите модели кои ја опишуваат ензимската кинетика. Наречена е според германскиот биохемичар Леонор Михаелис и канадската докторка Мод Ментен. Овој модел ја опишува брзината на ензимската реакција во случаи каде количеството на супстрат е поголемо од количеството на ензим. Равенката е
Во равенката, ја претставува максималната брзина која може да се постигне од системот, односно кога сите активни места на ензимот ќе се заситат, при што колку и да се зголемува концентрацијата на супстратот поголема брзина не може да се постигне. Михаелисовата константа претставува концентрацијата на супстрат при која брзината на реакцијата е половина од максималната .[1]