Митоманија
Митоманија е термин кој означува болна опсесија на одредени луѓе да измислуваат приказни за неверојатни случки, како и да ја извртуваат вистината и да претеруваат во опишувањето на вистински случки, со цел да се прикажат самите себеси во поволно светло. Кај децата со ран развој, митоманијата е нормална развојна појава, додека пак кај возрасните, најчесто, потекнува од суетата, бујната машта, емоцијалната незрелост и потиснатото чувство на мала вредност.