Мирче Калајџиески
Мирче Јовев Калајџиески (1920 во Врбјани, Охридско — 6 октомври 1943 во Кленоец, Кичевско) македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиМирче Јовев Калајџиески е роден во селото Врбјани. Се занимавал со земјоделство. Кон борбата за слобода на Македонија се приклучил во 1942 година, а член на СКОЈ е од 1943 година. Се приклучува кон баталјонот Мирче Ацев на 5 август 1943 година. Загинува во борбите против балистите кај селото Кленоец на 6 октомври 1943 година.[1]