Мирно море (Гистав Курбе)
Мирно море ― слика на Гистав Курбе од 1869 година. Изработен во масло на платно, морскиот пејзаж прикажува плажа на брегот на Нормандија, која се протега пред Ламанш. Сликата се наоѓа во збирката на Музејот на уметност Метрополитен, во Њујорк.[1]
Творец | Гистав Курбе |
---|---|
Година | 1869 |
Материјал | Масло на платно |
Димензии | 59.7 см × 73 см |
Место | Метрополитен, Њујорк |
Наводи
уреди- ↑ „The Calm Sea“. www.metmuseum.org. Посетено на 10 јануари 2023.