Мирко Ковилоски
Мирко Стојов Ковилоски (Прилеп, 1912 - 1944), — македонски револуционер, партизан, учесник во Народноослободителната војна во Македонија.[1]
Како илегалец дејствувал во рамките на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија и на КПМ во Прилеп и во околината, како еден 8.000 учесници во НОВ од Прилеп и Прилепско. Загинал во 1944 година, како еден од 650 загинати револуционери од Прилеп и околината.
Неговото име е врежано во меморијалниот споменик - Могилата на непобедените во Прилеп.
Наводи
уреди- ↑ „Прилеп и Прилепско во НОВ 1941“. Зборник. Култура, Скопје. 1976.