Мини — британска автомобилска марка, основана во 1969 година, која од 2000 година е во сопственост на БМВ. Автомобилите Мини се произведуваат во фабриките во Обединетото Кралство, во Австрија и во Холандија. Името „мини“ започнало да се користи во 1959 година, но дури десет години подоцна станало посебна автомобилска марка, заменувајќи ги претходните „Остин Мини“ и „Морис Мини“.[1][2] Во 1994 година, БМВ ја купила групата Ровер, која била сопственик на марката Мини.[3]

Историја

уреди
 
Мини Купер

Првобитно, Мини била линија мали автомобили кои ги произведувало претпријатието Бритиш мотор корпорејшн (British Motor Corporation, BMC), кое во 1966 година станало дел од Бритиш мотор холдингс (British Motor Holdings), а тоа, пак, се споило со Лејланд моторс (Leyland Motors) во 1968 година.[4] Во 1980-тите, претпријатието Бритиш лејланд било поделено и во 1988 година, групата Ровер (која била сопственик на Мини) била купена од Бритиш Ероспејс (British Aerospace).[4] Под името Мини се произведувале неколку модели: Морис Мини-Мајнор (Morris Mini-Minor), Остин севен (Austin Seven), Кантримен (Countryman), Моук (Moke), 1275ГТ и Клабмен (Clubman).[4] Посилните верзии на овие модели се продавале со името Купер како резултат на соработката со тркачката легенда Џон Купер. Првобитниот модел Мини се произведувал до 2000 година. Во 1994 година, групата Ровер била купена од БМВ, а во 2000 година била поделена при што БМВ ја задржало марката Мини.[5] Во 1995 година започнало развивањето на современиот модел на Мини, кој на пазарот се појавил во 2001 година.

Наводи

уреди
  1. Michael Sedgwick & Mark Gillies, A-Z of Cars 1945–1970, 1986
  2. Adams, Keith; Ian Nicholls. „Mini development story Pt.2“. AROnline. Архивирано од изворникот на 3 October 2011.
  3. Prosser, Dan (10 November 2010). „MINI joins the World Rally Championship“. The Telegraph. London. Архивирано од изворникот 12 January 2022. Посетено на 7 September 2011.
  4. 4,0 4,1 4,2 Reed, Chris (1994). Complete Mini: 35 Years of Production History, Model Changes, Performance Data. Croydon: MRP. ISBN 0-947981-88-8.
  5. Cobb, James G. (15 September 2000). „New Mini: Retro in a Smaller Role“. The New York Times. Посетено на 21 November 2010.