Министерство за регионален развој и инфраструктура на Грузија


Министерство за регионален развој и инфраструктура на Грузија (грузиски: საქართველოს რეგიონული განვითარებისა და ინფრასტრუქტურის სამინისტრო, sakartvelos regionuli ganvitarebisa da inprastrukturis saministro) — владин орган во рамките на Владата на Грузија задолжена за регионален и инфраструктурен развој, регулирање на активностите во секторот на Грузија. Во мигов, министерството го води Иракли Карселаѕе.[2]

Министерство за регионален развој и инфраструктура на Грузија
რეგიონული განვითარებისა და ინფრასტრუქტურის სამინისტრო
Грбот на Грузија
Податоци за органот
Основан 2 февруари 2009
Надлежност Влада на Грузија
Седиште Авенија Казбеги бр. 12, Тбилиси, Грузија 0134
Годишен буџет 955 милиони (2015)[1]
Раководител Иракли Карселаѕе (од 22 февруари 2021)
(Министер за регионален развој и инфраструктура на Грузија)
Мрежно место
www.mrdi.gov.ge

Историја

уреди

Министерството е основано врз основа на претходната владина агенција наречена Државно Министерство за прашања на регионално управување на 2 февруари 2009 година во согласност со член 81 (2) од грузискиот устав и законот за структурата, овластувањата и редот на активностите на Владата на Грузија. Била укината посебната државна агенција Обединета транспортна управа и Одделот за патишта и нејзиниот делокруг на активности се префрлил на новоформираното министерство.[3] Министерството се финансира од државниот буџет.[4] Давит Ткешелашвили бил првиот министер кој ја извршувал оваа функција.[5]

Структура

уреди

Министерството го надгледува регионалниот и инфраструктурниот развој во целата земја, кој вклучува модификација и модернизација на државните патни мрежи од меѓународно и домашно значење. Тоа е исто така задолжено за активностите за следење на архитектонските и градежните работи во Грузија. Министерството издава предлози и нацрти за модернизација на грузиската инфраструктура кои потоа се разгледуваат од Парламентот на Грузија. Агенцијата е составена од Канцеларијата на министерот, Административното одделение, Одделот за генерална инспекција, Одделот за правна поддршка и реформи, Одделот за регионален развој, Одделот за односи со јавноста, мобилизација и Канцеларијата за координација на подготовка на војската, Канцеларијата за меѓународни односи, како и нејзините поделби (Оддел за автомобилски патишта во Грузија, транспортна администрација и главна архитектонско-градежна инспекција.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Civil.Ge | 2015 წლის ბიუჯეტის პირველადი პროექტი“.
  2. „Georgia's parliament approves new cabinet“. Xinhua. 23 February 2021.
  3. „Parliament Bureau Sitting“. Посетено на 2011-03-07.
  4. 4,0 4,1 „Statute of the Ministry of Regional Development and Infrastructure of Georgia“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-06-08. Посетено на 2011-03-07.
  5. „New Ministers Named to Address Penitentiary, Regional Development Issues“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-03-21. Посетено на 2011-03-07.