Министерство за образование, наука и иновации (Португалија)

Министерство за образование, наука и иновации (португалски: Ministério da Educação, Ciência e Inovação) — португалско владино министерство, одговорно за дефинирање, координирање, спроведување и евалуација на националните политики насочени кон системот на општо и високо образование, науката и информатичкото општество, формулирање на политики за квалификации и обука.

Министерство за образование, наука и иновации (Португалија)
Податоци за органот
Основан 2015
Надлежност Португалија
Мрежно место
https://www.portugal.gov.pt/pt/gc21

Организациска структура

уреди

На министерот за образование и наука му помагаат следните државни секретари:

  • Државен секретар за високо образование;
  • Државен секретар за наука;
  • Државен секретар за образование и училишна администрација;
  • Државен секретар за основно и средно образование.

Историја

уреди
  • Министерство за јавно образование (1870 - 1870)
  • Министерство на Кралството (1870 - 1890)
  • Министерство за образование и ликовни уметности (1890 - 1892)
  • Министерство за образование (1913 - 1974)
  • Министерство за образование и култура (1974 - 1975)
  • Министерство за образование и научно истражување (1975 - 1978)
  • Министерство за образование и култура (1978 - 1978)
  • Министерство за образование и научно истражување (1978 - 1979)
  • Министерство за образование (1979 - 1980)
  • Министерство за образование и наука (1980 - 1981)
  • Министерство за образование и универзитети (1981 - 1982)
  • Министерство за образование (1982 - 1985)
  • Министерство за образование и култура (1985 - 1987)
  • Министерство за образование (1987 - 2011)
  • Министерство за образование и наука (2011 - 2015)
  • Министерство за образование (2015 - 2024)
  • Министерство за образование, наука и иновации (2024 - )

Помеѓу 2002 и 2011 година во Португалија, имало и други министерства за високо образование под следниве имиња:

  • Министерство за наука и високо образование (2002 - 2004)
  • Министерство за наука, иновации и високо образование (2004 - 2005)
  • Министерство за наука, технологија и високо образование (2005 - 2011)

Надворешни врски

уреди