Меѓународен ден на пивото
Меѓународeн ден на пивото — прослава која се одвива во првиот петок од секој август, основана во 2007 година во Санта Круз, Калифорнија од Џеси Авшаломов. [1] [2] [3] Од своето основање, Меѓународниот ден на пивото прераснал од мал месен настан во западниот дел на Соединетите Држави во светска прослава која опфаќа 207 градови, 80 земји и 6 континенти.[4] Меѓународниот ден на пивото има три декларирани цели:
Прослава
уредиУчесниците се охрабруваат да си дадат еден на друг „подарок пиво“ купувајќи едни на други пијалаци и да изразат благодарност до пиварите, шанкерите и другите учесници во постапката од добивање на пивото до неговото послужување. Во меѓународниот дух на празникот, исто така се предлага учесниците да излезат од нивната домашна/месна вообичаена зона и да вкусат пиво од друга култура.
Популарност
уредиПопуларните облици на настани за Меѓународниот ден на пивото вклучуваат: точење нови или ретки пива, целодневни среќни часови, летови со пиво, ноќи на тривијали, прекумерно пиење и други игри (како што е пиво-понг), наоѓање соодветни парови пиво/храна и подароци за опрема за пиво. [2]
Промена на датумот
уредиОд 2007 до 2012 година, Меѓународниот ден на пивото се славел на 5 август. По Меѓународниот ден на пивото 2012 година, основачите направиле анкета меѓу обожавателите и избрале да го преместат празникот во првиот петок во август.[5]
Наводи
уреди- ↑ Today is International Beer Day. Myfoxla.com (2010-08-05). Retrieved on 2011-04-21.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Start Celebrating: It's International Beer Day! – Pop Candy. USAtoday.com (2010-08-05). Retrieved on 2011-04-21.
- ↑ Bell, Katie Kelly. „Celebrate International Beer Day With These Tasty Brews“. Forbes (англиски). Посетено на 2018-02-13.
- ↑ Celebrate the golden suds on International Beer Day Friday. Independent.co.uk (2011-08-04). Retrieved on 2011-08-05.
- ↑ „Reminder: Due to popular demand,... - International Beer Day - Facebook“. facebook.com.