Меѓународен ден на иселениците
Меѓународен ден на иселениците — меѓународен празник кој се одбележува на 18 декември со одлука на Генерално собрание на ООН од 4 декември 2000, како последица на големиот и растечки број на иселениците во светот. На 18 декември 1990, Генералното собрание ја усвоило Меѓународната конвенција за заштита на правата на работниците иселеници и членовите на нивната фамилија (резолуција 45/158).[1] Овој ден се одбележува во многу држави, меѓувладините и невладините организации со ширење информации за човековите права и основните слободи на политичките иселеници, како и низ размена на искуства и дизајна акција како би се обезбедила заштита на иселениците.
Меѓународен ден на иселениците | |
---|---|
Го празнува(ат) | сите земји членки на ОН |
Датум | 18 декември |
Причини за одбележување
уредиВо 1997, филипинската и другите организации на азиските иселеници почнале прослава и промовирање на 18 декември како Меѓународен ден на солидарност со иселениците. Овој датум е избрано затоа што на 18 декември 1990 година ОН ја усвоила Меѓународната конвенција за заштита на правата на работниците иселеници и членовите на нивната фамилија. Надоврзувајќи се на оваа иницијатива, 18 декември е избран со поддршка на Меѓународните организации за права на иселениците и Управниот одбар на глобалната кампања за потврдување на Меѓународната конвенција за правата на иселениците и многу други организации - и почнало да се промовира кун крајот на 1999 г. за официјален празник на ОН, и конечно е прогласен на 4 декември 2000.
ОН ги повикале сите земји членки на ОН, меѓувладините и невладините организации да го почитуваат овој ден за ширење на информациите за човековите права и основните слободи на иселениците, размена на искуства, како и преземање акција да се обезбеди заштита на иселениците.