Меѓународен ден на акции за климата

Меѓународен ден на акции за климата (англиски: International Climate Action Day), познат е и како Ден на борба против климатските промени,[1] е глобална акција која се обележува во повеќе од 170 земји низ светот секоја година на 15 мај.[2][3]

Историја

уреди

Меѓународниот ден на акции за климата е посветен на подигање на свеста за итната потреба од решавање на климатските промени.[4] Луѓето се собираат секоја година за да ја истакнат важноста од зачувување на животната средина, да промовираат одржливи практики и да се залагаат за политики кои се занимаваат со климатските прашања. Најчесто го обележуваат со кампување, засадувење на дрвја и одржување собири и едукативни настани.[4] Овој ден потсетува на важноста од зачувување на биодиверзитетот, намалување на емисиите на јаглерод и работа за зелена и одржлива иднина за сите.

По повод Меѓународниот ден на акцијата за климата, Европската комисија во 2019 година го претставила Европскиот зелен договор - мапата на патот за одржливост на стопанството на Европската унија преку претворање на климатските и еколошките предизвици во можности во сите области на политиката и правејќи ја транзицијата праведна и инклузивна за сите.[5] Европската зелена агенда е стратегија која би требало да ја направи Европа првиот „климатски неутрален“ континент до 2050 година.[5]

Наводи

уреди
  1. Vojvodine, Javna medijska ustanova JMU Radio-televizija. „Obeležen Međunarodni dan akcije za klimu“. JMU Radio-televizija Vojvodine (српски). Посетено на 2024-06-28.
  2. „Međunarodni dan akcije za klimu - Mingl“. www.mingl.rs. Посетено на 2024-06-28.
  3. User, Super. „Међународни дан акције за климу“. www.odsekvranje.akademijanis.edu.rs (српски). Посетено на 2024-06-28.
  4. 4,0 4,1 „International Day of Climate Action | Sustainability“. sustainability.ucmerced.edu. Посетено на 2024-06-28.
  5. 5,0 5,1 „Danas je Međunarodni dan akcije za klimu: Evo kako možemo DA POMOGNEMO našoj planeti!“. eupravozato.mondo.rs (српски). Посетено на 2024-06-28.