Мери Харис Џонс, позната како Мајка Џонс (1 август 1830 — Аделфи, 30 ноември 1930), била познат американски борец за работничките права.

Мери Харис во 1902 година

Животопис

уреди

Родена е во Корк во Ирска. Нејзиното семејство се преселило во Торонто, Канада, 1835 година, кратко откако Британците го обесиле нејзиниот дедо за учество во ирската борба за национални права. Кога го завршила школувањето,работела како учителка и шивачка во Соединетите Држави. Синдикатите ги запознала преку својот маж, Џорџ Џонс, значаен член на синдикатот на металските работници.

Две важни точки во нејзината кариера биле смртта на нејзиниот маж и четирите деца за време на епидемијата на жолтица во Тенеси, 1867 година. и загубата на сè што поседувала во голем пожар во Чикаго, 1871 година. Принудена да се издржува,таа се приклучила на друштвото „Витези на трудот“ од кое произлегло друштвото Индустријски работници на светот (Industrial Workers of the World-UMW), на кое таа му помогнала во основањето 1905 година. Била активен организатор и едукатор во штрајковите во целата земја, а посебно била активна со Соединетите рудари(United Mine Workers - UMW) и Социјалистичката партија на Америка. Како организатор на синдикатите таа станала позната по организирањето на жените и децата штрајкувачи во демонстрациите за нивна корист. 1903 година таа ги организирала децата кои работеле во мелниците и рудниците во „Детско крстоносно движење“ - марш од Кенсингтон во Пенсилванија до гратчето Ојстер Беј ("заливот на школките") во државата Њујорк - домот на претседателот Теодор Рузвелт. Транспарентите биле испишани со пораките "Сакаме време да си играме!" и "Сакаме да одиме во училиште!". Иако претседателот одбил да се сретне со протестантите, инцидентот го довел прашањето за детската работа до врвот на јавниот интерес. 1913 година, за време на протестот во Западна Вирџинија, Мајка Џонс е уапсена и осудена, заедно со другите синдикални водачи,за заговор за убиство, после организирањето на уште еден детски марш. Веќе осамдесетгодишната старица е наскоро ослободена од затворот, откако Сенатот САД наредил истрага за условите за работа во рудниците за јаглен. Неколку месеци подоцна во Колорад, помогнала да се организира протест на рударите на рудникот за јаглен. Таа повторно е уапсена, и после неколку месеци во затворот таа била депортирана. 1924, 94 година старата Мајка Џонс е на суд повторно, овој пат под оптужба за создавање и пренесување на клевета и јавна навреда. 1925, Чарлс А. Алберт, издавач на Чикаго Тајмс, добил неверојатни 350.000 долари одштета. Во почетокот на 1925 година, нескротливата Џонс го одбила нападот на двајца напаѓачи кои провалиле во куќата на нејзините пријатели кај кои била сместена. После кратка борба, еден напаѓач побегнал, а другиот бил сериозно повреден. Ранетиот напаѓач, педесетчетиригодишниот Кит Гегни, подоцна подлегнал на повредите кои му ги задала Џонс,кои вклучувале тешки повреди на главата. Полицијата веднаш ја уапсила, ама таа е наскоро пуштена,коге се дознало дека напаѓачите биле соработници на значајни локални стопанственици.

Мајка Џонс останала синдикален организатор и во текот на своите деведесетти години и продолжила да зборува за синдикатот скоро до својот стоти роденден. Набрзо таа официјално се повлекла во пензија, со 95 година, таа го објавила своето видување на своето искуство во работничкото движење во својата автобиографија (The Autobiography of Mother Jones , 1925). Денес многу луѓе ја препознаваат по американското списание Mother Jones, кое се занимава со видувањата за социјалните проблеми кои ги поставила Мајка Џонс.