Мери Дејли (16 октомври 1928 - 3 Јануари 2010) била американска радикална феминистичка филозофка, академик и теолог.

Гин/Екологија

уреди

Во Гин/Екологија: Метафизиките на Радикалниот Феминизам (1978), Дејли тврди дека мажите во текот на историјата ги угнетувале жените. Во оваа книга нејзините тврдења се различни од нејзините претходни мисли за историјата на патријархатот, со тоа што се фокусира на реалните практики кои, според неа, го овековечуваат патријархатот, кој таа го нарекува религија.[1]

Според Луси Саргисон "Дејли ја објаснува во Гин/Екологија вистинската, автентична жена, што таа смета дека е прикриена во жените, привремено смирена од патријархалните системи на доминација".[2]

Ставови за религијата

уреди

Во Црквата и Вториот Пол, Дејли тврди дека религијата и еднаквоста помеѓу жените и мажите не се исклучуваат меѓусебно. Но во текот на нејзините дела нејзиното разбирање за религијата се промени. Таа смета дека организираната религија е инхерентно угнетувачка кон жените,[3] и тврди дека "жената да бара еднаквост во црквата е како личност од црна раса да бара еднаквост во Кју Клукс Клан".[4]

Ставови за мажите

уреди

Во интервју за Што е просветителството? списанието, Дејли рече: "Јас не мислам за мажите. Јас навистина не се грижам за нив. Јас сум загрижена со женските капацитети, кои биле бескрајно намалени во патријархатот. Не дека тие исчезнале, но тој ги направи навистина сублиминални. Јас сум загрижена како жени да ги прошириме нашите капацитети, и актуелизирање на нив. Тоа ја добива сета моја енергија."[5]

Ставови за транссексуализмот

уреди

Во Гин/Екологија, Дејли го изразува својот негативен став за транссексуализмот, пишувајќи: "Денес феноменот Франкенштајн е сеприсутен... во фалократската технологија".[6] "Транссексуализмот, кој Џенис Рејмонд покажа дека е во суштина машки проблем, е обид да се променат мажите во жени, додека всушност никој маж не може да добие женски хромозоми и животно искуство/историја".[7] "Хирурзите и хормонските терапевти на транссексуализмот... можат да произведат ефеминизирани личности. Тие не можат да произведат жени."[8]

Дејли беше и советник на Џенис Рејмонд, чија дисертација, објавена во 1979 година како Транссексуалната Империја, е критична кон транссексуализмот.

Наводи

уреди
  1. Riswold, Caryn D. (2007). Two Reformers. Eugene, OR: Wipf & Stock Publishers. стр. 33. ISBN 1-59752-826-9.
  2. Sargisson, Lucy (1996). Contemporary feminist utopianism. London; New York: Routledge. стр. 184. ISBN 978-0-41-514175-8.
  3. Hoagland, Sarah Lucia; Frye, Marilyn (2000). Feminist interpretations of Mary Daly. University Park, Pa.: Pennsylvania State University. стр. 114. ISBN 978-0-27-102018-1.
  4. King, Nicholas (1998). Whispers of liberation: Feminist perspectives on the New Testament. New York: Paulist Press. стр. 41. ISBN 978-0-80-913816-6.
  5. Bridle, Susan (Fall–Winter 1999). „No Man's Land“. EnlightenNext Magazine. Отсутно или празно |url= (help)
  6. Daly, Mary, Gyn/Ecology: The Metaethics of Radical Feminism (Boston, Mass.: Beacon Press, pbk. [1st printing? printing of [19]90?] 1978 & 1990 (prob. all content except New Intergalactic Introduction 1978 & prob. New Intergalactic Introduction 1990) (ISBN 0-8070-1413-3)), pp. 70–71 (page break within ellipsis between sentences) (New Intergalactic Introduction is separate from Introduction: The Metapatriarchal Journey of Exorcism and Ecstasy).
  7. Daly, Mary, Gyn/Ecology, op. cit., p. 238 n.
  8. Daly, Mary, Gyn/Ecology, op. cit., p. 68 (n. 60 (at end) omitted).

Надворешни врски

уреди