Меморијален музеј „11 Октомври“

музеј во Прилеп

Меморијален музеј „11 Октомври 1941“музеј во центарот на Прилеп, на улица „Илинденска“ б.б. Зградата во која е сместен музејот е изградена на почетокот на XX век.

Поглед на музејот

Почетоци и развој на музејската дејност

уреди

Колекционерството на вредни предмети, како еден вид престиж, е познато уште од античко време. Со појавата на музеите тоа се прави на повисоко организирано ниво и со утврдени правила. Музеите денес со своите научно истражувачки работи, организирање на изложби и други видови на активности се средиште на културното и општествено живеење, односно придонесуваат за откривање и оценување на универзалните човекови вредности низ изминатите епохи. Во исто време музеите се ризница на вредности што секоја цивилизација одделно ги создавала низ вековите или поточно, аргументирано сведоштво за континуираниот развој на цивилизацијата.

Музејската дејност во Република Македонија поинтензивно се организира во периодот по Втората светска војна. Така и во Прилеп во овој период започнуваат активности за институционално чување и презентирање на историското и културно наследство.

Почеток и развој на музејот „11 Октомври“

уреди

Во 1948 година во рамките на Народно-ослободителниот одбор на општина Прилеп е формирана првата музејска збирка на документи, фотографии и уметнички слики од прилепски автори со тематика од НОБ. Истата била сместена во Анот на фамилијата Ачкоски, во непосредна близина на градскиот пазар.

Во старата зграда на участокот продолжува да функционира Музејот на НОБ, кој во следниот период претрпува повеќе измени во својата содржина, за да конечно прерасне во Меморијален музеј “11 Октомври 1941 година”.

Веќе наредната фодина започнуваат активностите за отворањето на градскиот музеј кој ќе го прикажува историоскиот развој на градот,придонесот на НОВ и успесите во повоениот период.Сепак,дури во почетокот на Сојузот на борци на НОВ се интензивираат подготовките за фурмирањето на Музеј на НОБ. На 1.0.1952 година музејот е отворен во зфрадата која за време на фашистичката окупација била бугарски полициски участок(станица),а врс која борците од Прилепскиот партизански одред извршиле вооружен напад на 11 октомври 1941 година со што е означен почетокот на Востанието на македонскиот народ против окупаторот.

Воедно,со официјалното отворање на Постојана изложбена поставка во рамките на овој музеј од страна на претседателот на Околинскиот народен одбор Тоде Ношпал,била поместена и првата повремена изложба “Изградбата во Прилеп и околината во 1945-1951 година“ Во постојаната поставка на Музејот на НОБ биле изложени фотографии кои говорат за развојот и работата на Комунистичката партија во време на поранешна Југославија и за време на окупацијата,фотографии на првоборците од прилеп и од формирањето на партизанските одреди,како и фотографии кои говорат за ѕверствата направени од страна на окупаторот врз првоборците Орде Чопела,Трајко Тарцан,Ристе Секирчанец,Трајко Брко,Киро Шими и Цена Џинорозот

Во музејот биле изложени и разни летоци,прогласи и брошури печатени во нелегалните партизански печатници или на шапирограф,како и голем број на предмети кои биле сопственост на борците од партизанските одреди

Во текот на 1995 историчарот на уметност Бошко Бабиќ кој живеел во Белград,на неколкупати доаѓа во Прилеп,при што добива задача од тогашниот претседател на општина Прилеп,Џоџа Николоски да започне активноски за формирање на Народен музеј,кој како самостојна институција од комплексен тип ќе има задача да прибира,чува,реставрира,консервира,проучува и презентира предмети со археолошка,етнолошка, историска,уметничка,природна и техничка споменично-културна вредност од пошироката прилепска околина.

Истото е направено и официјално со Одлука на Собранието на општина на 01.07.1955 година е формиран Народниот Музеј во Прилеп со прв назначен директор Бошко Бабиќ,кој секако има големи заслуги за негово формирање и понатамошен развој.Покрај него ,во Народниот Музеј првовработени се Александар Георгиевски како препаратор,Александар Насески,економ,Загорка Колуноска етнолог,Загорка Расолкоска препаратор и Нада Никулоска,историчар на уметност.

На почетокот од своето формирање музејот се наоѓа во поранешниот бугарски полициски участок(станица),за да по краток период со изградбата на новата општинска зграда музејот ги добие просториите на старата општинска зграда на улица Моша Пијаде,т.е. зградата каде и денес е сместен.

Во старата зграда на участакот продолжува да функционира Музејот на НОБ,кој во следниот период претрпува повеќе измени во својата содржина за да конечно прерасне во Мморијален музеј “11 Октомври 1941 година“

Оформен “Меморијален музеј 11 Октомври“

уреди

Меморијалниот музеј “11 Октомври 1941” се наоѓа во центарот на Прилеп, на улица “Илинденска” б.б. Зградата во која е сместен музејот е изградена на почетокот на XX век. За време на фашистичката окупација (1941-1944 година) овој објект бил претворен во бугарски полициски Участок во кој била сместена окупаторската полиција. На 11 октомври 1941 година борците од Прилепскиот партизански одред извршиле вооружен напад врз Участокот и врз други објекти во градот, со што започнало вооруженото востание на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор.

На 1 мај 1952 година во оваа зграда за првпат е отворен Музеј на НОВ во Прилеп, а по повод 20 години од НОВ на 11 октомври 1961 година отворена е Постојана музејска поставка. Во 1971 година по повод 30 години од НОВ музејската поставка е проширена и збогатена со нови фотографии, откако во објектот е извршена адаптација. По десетина години започна реновирање на зградата, со што беа овозможени услови за презентација на новата музејска поставка која беше отворена на 10 октомври 1983 година. За споменик на културата Меморијалниот музеј “11 Октомври 1941” е прогласен во 2003 година. Музејската поставка која се состои од фотографии, документи, карти, скици, предмети и партизанска опрема е сместена во простор од околу 236 м2, на приземјето во Сала 1, како и на катот во Сала 2 и Сала 3.

  • Во Сала 1 прикажана е историјата на Прилеп и прилепско до 1940 година и тоа Преродбенското движење, Илинденскиот период, Балканските војни, Првата светска војна и периодот помеѓу двете светски војни.
  • Во Сала 2 презентирани се настаните по априлската војна во 1941 година, окупацијата на Македонија, до почетокот на вооруженото востание во Прилеп на 11 октомври 1941 година.
  • Во Сала 3 музејската поставка е посветена на настаните од 11 октомври 1941 година, со фотографии на борците кои го извршиле вооружениот напад на Участокот, на затворот и на телекомуникационата мрежа. Во оваа сала се поместени и фотографиите на борците на месноста “Црвени стени” и од одредот “Гоце Делчев” . Во музејската поставка стои и списокот на 154 борци носители на “Партизанска споменица 1941” од Прилеп и прилепско. На западниот ѕид од Сала 3 доминира огромниот мурал на тема “Национално ослободителните борби на македонскиот народ” од прилепскиот ликовен уметник Борко Лазески, а во средината од салата се наоѓа макета на Участокот.

Во ходникот на катот поставени се Указите Повелби на петнаесетте Народни херои од Прилеп, како и бистата од бел мермер на Јосип Броз Тито.

Во музејот се изложени бројни документи, скици, карти, оружје и воена опрема, а посебен простор е оставен за учесниците, кои го започнаа вооруженото востание на 11 октомври.На долниот кат се наоѓа просторијата која ја отсликува истражната постапка, што се вршела во тогашниот затвор, а ќе биде поствена и макета на участокот, онака како што тој изгледал во 1941 година. Имено, тогаш борците од Првиот прилепски партизански одред го нападнаа бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, што го означи почетокот на организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за ослободување на земјата. Следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред. Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција Македонија застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности. Македонскиот народ самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највисок ранг како корпуси и дивизии. За време на окупацијата, покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население во Македонија, земјата претрпе и огромни економски штети. Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.

11 Октомври, ден на народното востание

уреди

Денот на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ познат и само како 11 Октомври е државен празник кој се празнува на 11 октомври во Македонија. Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.

Во чест на празникот 11 октомври

уреди

По повод на овој празник во Република Македонија традиционално се доделуваат наградите „11. Октомври“ за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и други дејности. Традиционално наградите се доделуваат во зградата на Македонското Собрание. Според Законот за државните награди на Република Македонија со државната награда „11 Октомври” со оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес. Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјата. Под условите определени во конкурсот може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство. Поради големото значење на тој настан во македонската историја, многу училишта во Македонија го носат името „11 Октомври“ (ОУ „11 Октомври“ - Куманово, ОУ „11 Октомври“ - Ново Село, ОУ „11 Октомври“ - Урвич, ОУ „11 Октомври“ - Центар), како и многу улици и јавни претпријатија. Најголемо претпријатие беше фабриката за автобуси „ФАС 11 Октомври“ од Скопје.

Прослава

уреди
 

Поради самиот факт дека се работи за голем настан од Македонската историја, низ државата се организираат разни свечености и прослави. Традиционално се одржуваат свечени концерти. Повеќе делегации од Македонското Собрание положуваат цвеќе на гробот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто, во Паркот на Револуцијата во Прилеп, како и на Спомен-костурницата на паднатите борци од народноослободителната борба во Куманово. Во Прилеп секоја вечер спроти празникот се одржува традиционалниот импровизиран напад на градот како потсетување на историските настани од предвечерјето на 11 октомври 1941 година. Во Прилеп постои и Меморијален музеј „11 октомври“ во кои се изложени неколку стотици фотографии и значајни документи од народно-ослободителната борба. Прилепскиот градски оркестар организира маршрута од центарот на градот кон Могилата на непобедените. Каде покрај движечкиот оркестар се организира и спектакуларен огномет.

Посебна важност има и свечено положување цвеќе на Партизанските гробишта во Скопје од страна на повеќе делегации на Владата, на Собранието, на Претседателот на Македонија, на Главниот одбор на Сојузот на борци на Македонија, делегација на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата и на Град Скопје.