Медобросија
Mедобросија претставува густ, вискозен производ, со ароматичен мирис, и богат вкус јаткасти и шумски овошја и мед. Содржи специфични материи, различни видови на шеќери, а првенствено гликоза и фруктоза. Освен гликозата и фруктозата Медобросија содржи белковини, аминокиселини, ензими, органски киселини, повеќето витамини коишто му се потребни на човековиот организам, минерални материи, полен и други материи, а може да содржи и сахароза, малтоза и други полисахариди.
Благодарение на големата содржина на прости шеќери, витамините, минералните материи, Медобросија претставува лесно стварлива храна. Медобросија е многу погодна храна за спортистите, старите и изнемоштени лица како и за сите што се занимаваат со интелектуална и физичка работа.
Енергетската вредност на 100 грама Медобросија е околу 4.5кЈ. Еден килограм Медобросија има хранлива вредност како: 60 јајца, 4 кг риба, 2кг шунка, 4кг телешко месо, 10 кг портокали, или 14 – 18 кг зеленчук.