Мајкл Кох (кошаркар)

Мајкл Кох (роден на 13 јануари 1966 година во Лих, Хесе) е германски професионален кошаркарски тренер и пензиониран професионален играч. Тој е главен тренер на АЕЛ Лимасол од кипарската кошаркарска дивизија А.

Играчка кариера

уреди

Кох играл во Германија за МТВ 1846 Гисен, Штајнер Бајројт и ТСВ Баер 04 Леверкузен. Како играч на Бајројт го освоил шампионатот во германската лига (1989) и 2 германски купа (1988, 1989). Играјќи за Леверкузен Кох освоил 5 шампионати во германската лига (1992, 1993, 1994, 1995, 1996 година) и 2 германски купа (1993, 1995 година). Тој бил МВП на германската лига во 1995 година.

Во 1996 година се преселил во Панатинаикос. Играјќи за Панатинаикос, Кох освоил 4 шампионати во грчката лига (1998, 1999, 2000, 2001), Евролигата (2000) и Интерконтиненталниот куп на ФИБА во 1996 година. Тој исто така бил финалист во Супролигата на ФИБА (2001) и полуфиналист на Купот на ФИБА Сапорта (1997–98).

Во 2001 година, тој се преселил во Телестет Маруси и станал полуфиналист на Купот на ФИБА Корач (2001–02). Следната година се преселил во Јоникос Неас Филаделфејас.

Репрезентативна кариера

уреди

Додека играл за сениорската машка германска кошаркарска репрезентација, Кох го освоил златниот медал на Евробаскетот 1993 година во Германија. тој исто така играл на Евробаскет 1987 година, Евробаскет 1995 година, Светско првенство на ФИБА во 1986 година и Светско првенство на ФИБА во 1994 година. Тој играл 140 пати за Германија помеѓу 1985 и 1998 година.