Мајка Ерменија
Мајка Ерменија (ерменски: Մայր Հայաստան Mayr Hayastan) е женска персонификација на Ерменија. Нејзиниот визуелен приказ е монументална статуа во паркот „Победа“ со поглед на главниот град на Ерменија, Ереван.
Мајка Ерменија | |
---|---|
Мајка Ерменија | |
Местоположба | Парк Победа, Ереван, Ерменија |
Координати | 40°11′42.90″N 44°31′29.34″E / 40.1952500° СГШ; 44.5248167° ИГД |
Надморска височина | 51 метри |
Изграден | 1967 |
Архитект | Рафаел Израелијан |
Скулптор | Ара Харујунјан |
Управа | Министерство за одбрана на Ерменија |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 411: Malformed coordinates value |
Статуата во Ереван
уредиСтатуата која денес се наоѓа на тоа емсто била замена за споменик на Јозеф Сталин кој бил поставен како споменик за победата во Втората светска војна. За време на владеењето на Сталин со Советскиот Сојуз, Григор Харутјунјан, генералниот секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија во советска Ерменија и член на владата, ја надгледувал изградбата на споменикот, кој бил завршен и отворен за јавноста на 29 ноември 1950 година. Статуата била дело на вајарот Сергеј Меркуров. Постаментот бил дизајниран од архитектот Рафаел Израелијан. Израелијан го дизајнирал пиедесталот налик на основата на базилика на ерменска црква, а подоцна изјавил дека знаел оти славата на диктаторите е минлива, па затоа создал пиедестал налик на основа на ерменска црква, кој може да служи и за друг споменик..[1] За разлика од десните аголни форми на надворешниот изглед, ентериерот е лесен и пријатен за окото и наликува на црквата од седми век посветена на Света Хрипсима.
Во пролетта 1962 година, статуата на Сталин била отстранета, при што еден војник бил убиен а повеќе биле ранети. Статуата била заменета со статуа на Мајка Ерменија, дизајнирана од Ара Харутјунјан.
„Мајка Ерменија“ е статуа висока 22 метри, а целиот споменик заедно со основата е висок 51 метри. Статуата е направена од бакра, а пиедесталот од базалт.[2]
Симболизам
уредиСтатуата на Мајка Ерменија симболизира мир преку сила. Посетителите ги потсетува на некои од истакнатите женски фигури во ерменската историја, како што е Сосе Мајриг и други, кои зеле оружје за да им помогнат на своите сопрузи во нивните судири со турските војници и курдските воени сили. Исто така, го симболизира важниот статус и вредноста што им се припишува на постарите женски припадници во ерменското семејство.
Местоположбата на статуата на рид од каде се гледа Ереван, создава впечаток дека таа е заштитник на главниот ерменски град. Секоја година на 9 мај, илјадници Ерменци ја посетуваат статуата на Мајка Ерменија и положуваат цвеќе во сеќавање на ерменските маченици од Втората светска војна. Со пиедесталот, во ко је сместен музеј, раководи Министерството за одбрана на Ерменија. Денес, најголем дел од поставката е посветен на војната за Нагорно-Карабах од 1988–1994 година. Изложени се лични предмети, оружје и документи на учесниците во војната, а ѕидовите се украсени со нивни портрети. Меѓу другите историски артефакти, поставена е мапа која ја користеле ерменските сили при воениот напад на Шуши.
Наводи
уреди- ↑ "Mother Armenia" needs care (In Armenian)
- ↑ Monuments of Yerevan Архивирано на 2 октомври 2011 г.