Мајбломан
Мајбломан (шведски со значење „мајски цвет“) е традиционална добротворна организација во Шведска чиј производ (цветот од хартија) го продаваат учениците од училиштата во април-мај секоја година од 1907 година, првично за собирање пари за луѓето кои боледуваат од туберкулоза. Мајбломан секоја година е со различна боја. Основана е од Беда Халберг од Онсала.
Беда Халберг била активен член на добротворното движење во Гетеборг, таа дојде до идеја да го продава цветот за да собере средства за истражување на туберкулоза.
Родена во 1869 година во Онсала, таа била најмладата ќерка на капетан и ќерка на фармер. Нејзиниот татко го напуштил семејството во 1870 година за да емигрира во САД. Таа се вклучила во добротворната работа во Гетеборг во 1890 година.
Откако ја видела својата ќерка со хартиена значка за Денот на Густав Адолф, таа основала комитет, вклучувајќи ја Фрига Карлберг, феминистичка социјална работничка и писателка, како и општинскиот лекар К.Ј. Гезелиус. И покрај тоа што другите се сомневале во нејзината идеја, таа нарачала 100.000 хартиени иглички за цвеќе во сина боја и решила да ги продаде за сума која речиси секој можел да си ја дозволи.
Нејзината кампања постигнала огромен успех. Околу 139.000 цветови биле продадени на 1 мај 1907 година во Гетеборг - што ги надминале дури и очекувањата на Беда.
Еден локален весник го напишал следново:
„Синиот цвет победи. Целиот град го слави. Го гледате насекаде, каде и да дојдете, на ревери и палта и шалови. Стопанственци, државни службеници, работници, старци и деца, кондуктери на трамвај, полицајци, кајакари, возачи – сите тие го носат цветот и чувствуваат дека сите се среќни што се вклучени. Тоа е идеалот на идеите: едноставни, ентузијастички и потресни“.
Финска
уредиВо Финска, слична верзија на „мајски цвет“ се продавала од 1908 година за добротворни цели за деца.