Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Бамбино е раса на мачки што се добива со вкрстување на расите Сфинкс и Мункин. Мачката Бамбино има кратки нозе, големи исправени уши и обично е без влакна. Но и покрај тоа, некои мачки од расата Бамбино имаат крзно.[1]

Заднина

уреди

Првото легло на мачиња Бамбино беше регистрирано во 2005 година. Тоа беше регистрирано од Меѓународната асоцијација на Мачки во 2005 година како експериментална раса.[2] „Бамбино“ значи „бебе“ на италијански јазик, кое што се должи на изгледот на мачката што ја прави да изгледа како мало маче.

Бамбино има кратки нозе кои ги наследува од расата Мункин, а имаат и огромни исправени уши. Одликата да немаат влакна ја наследуваат од расата на мачки Сфинкс, каде кожата е бела или пак, розова боја. но, без крзното кое им служи за апсорпција на природните масла кои ги лачи мачката, на Бамбино мачките им треба редовно капење со вода и благ сапун. Тоа што тие немаат влакна на кожата значи дека се ранливи на студ, силно сонце и разновидни повреди на кожата.

Бамбино мачките во моментот се прифаќаат за регистрација во регистарот на ретки и егзотични животни. Тие исто така се признати како нова експериментална раса од страна на Меѓународната асоцијација за мачки.

Физички одлики

уреди

Набрчканиот изглед без влакна и кратки нозе се двете најкарактеристични фенотипски својства на расата, иако можат да имаат влакна. Задните нозе можат да бидат малку подолги од предните нозе. Телото е средно до долго, со широки гради и добро заоблен абдомен. Коските се нормални. Опашка е во нормална пропорција со остатокот од телото. Некои бамбиноси можат да имаат „лавовска опашка“, односо купчеод влакна само на врвот на опашката. Главата е малку подолга отколку широка. Како и кај расата Сфинкс, многу се истакнуваат јаболкниците како и нивните мустаќи. Мустаќите им се ретки и кратки. Брадата е цврста. Очите се големи, заоблени и на широко растојание. Големите уши се исправени, ниту премногу ниски ниту премногу високи. Големината на мачката и уникатните физички квалитети не ги попречуваат нејзините движења. Тежината е од 2 до 4 килограми.

Крзно

уреди

И покрај тоа што некои Бамбини мачки изгледаат како да немаат влакна, тие можат да бидат покриени со кратко, кое што е многу ситно. Редовно средување е неопходно за да се отстранат лојните секрети од кожата. Се препорачуваат и неделни или двонеделни бањи. Кога капењето започнува уште од мала возраст, мачките Бамбино добро поминуваат за време на капење. Ако чешлањето и капењето не се прават редовно, Бамбино може да биде премногу валкан, мрсен, па дури и леплив на допир, а со тоа се појавува и можноста да развие проблеми со кожата. Митарењето е нерелевантно во споредба со обичните мачки. Наспроти популарното верување, мачките Бамбино не се хипоалергични. Иако повеќето луѓе со алергии можат да ги толерираат бамбино мачките, бидејќи произведуваат помалку првут во споредба со другите раси на мачки.[3]

Генетика и здравје

уреди

Бамбино е наречена мутациска раса бидејќи е раса која ги бара пар мутираните рецесивни гени кои се однесуваат на тоа да нема влакна и доминантни мутации од генот за џуџести екстремитети.[4] Одгледувањето на овие мачки со помош на мутација може да биде катастрофално за здравјето на добиеното маче, ако тоа не го направи некој искусен одгледувач.

Обично, во леглата на Бамбино мачките се добиваат мачиња и со кратки нозе и со долги нозе, бидејќи генетиката кај расата Бамбино е хетерозиготна за генот на кратки нозе. Во леглата на Бамбино не може да се произведуваат крзнени мачиња, бидејќи генот со кој се добиваат мачиња без влакна е рецесивен, така што секое бамбино маче има две копии од генот без влакна.

Здравје

уреди

Бидејќи раста е релативно нова, повеќе истражувања треба да се направат за да се потврди можното постоење на некакви генетички проблеми со здравјето. Сепак, кај сличната раса Мункин се откриени проблеми со здравјето, како најчести кои ја надминуваат нормалата се лордоза и вдлабнатина во градниот кош.

Наводи

уреди
  1. „Bambino“. CatBreedList. Архивирано од изворникот на 2019-09-06. Посетено на March 4, 2018.
  2. Staff, Editorial (2020-01-24). „Bambino Cat: History, Characteristics And Care“. The Cat Foods (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-01-28. Посетено на 2020-01-28.
  3. „The Bambino Cat“. CatBreedJunction. Посетено на March 4, 2018.
  4. The Cat Breeders Handbook (2. изд.). Oroville, California: TIBCC. 2009. стр. 36–37. ISBN 978-0979280726 – преку Google Books.