Мате Брничевиќ (Крило Јесенице кај Омиш, роден во 1891 година во Шкаљари, а починал во Бока Которска, на 11 февруари 1918 година) бил еден од водачите на востанието на австроунгарските морнари на 1 февруари 1918 година во Которскиот залив. Служел во базата на единиците за торпедо, на помошниот брод „Гаа“ како наредник од прва класа. Со учеството во подготовките и организирањето на морнарското востание, придонел бродот „Гаа“, заедно со оклопниот крстосувач „Сантк Георг“ (Св. Ѓорѓија) да стане центар на востанието. По задушувањето на востанието на 3 февруари, Брничевиќ бил затворен и осуден на смрт со стрелање. Неговите посмртни останки со големи почести беа пренесени во неговата татковина на 28 ноември 1923 година.

Поврзано уреди

Литература уреди