Математичка загатка

вид загатка

Математичка загатка — збирен назив на загатки кои сочинуваат значаен дел на разонодната математика. Овие загатки се одликуваат со посебни правила кои имаат за цел да го водат решавачот кон пронаоѓање решение коешто ги задоволува поставените услови, но тие обично не подразбираат натпревар меѓу двајца или повеќе натпреварувачи.

Вагонот мора да се движи по патека која е зададена со математичка функција.

Конвејова игра на животот и фракталите може да се сметаат за математички загатки, иако решавачот со нив се соочува на самиот почеток преку поставување на почетни услови. Откако овие услови ќе бидат воспоставени, правилата на загатката ги определуваат сите понатамошни промени и потези. Решението на математичките загатки обично се пронаоѓа преку примена на креативно размислување. Математичките загатки понекогаш се користат за да ги мотивираат студентите во пренесување на знаење за техниките на решавање математички проблеми во основното образование.[1]

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди