Мастолното знаме (хебрејски: דֶּגֶל הַדְּיוֹ, Degel HaDyo) било рачно изработено израелско знаме кое било развеано за време на израелско-арапската војна од 1948 година кога бил ослободен Ејлат.

Развејување на мастилното знаме, фотографија на Мич Пери. Човекот на јарболот е Аврахам Адан.

Историја

уреди

На 5 март 1949 година Израел ја започнал операцијата Увда, последниот воден поход во израелско-арапската војна. На 10 март израелската војска стигнала на бреговите на Црвеното Море во Ум Рашраш, западно од Акаба во библиското место Елат и го зазеле истото без битка. Негевската бригада и Голанската бригада учествувале во оваа операција. Тогаш, војниците зеле бело платно и со мастило исцртале две хоризонтални ленти во сина боја.[1]

Импровизираното знаме било направено по наредба на командирот Нахум Сариг, кога увидел дека бригадата нема израелско знаме со себе. Војниците пронашле бело платно, исцртале со мастило две сини ленти и сошиле Давидова ѕвезда.[2]

Во Ејлат има поставено бронзена скулптура во чест на овој настан.[3]

Галерија

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди