Марија Т. Мартело
Марија Т. Мартело е климатолог од Венецуела.
Мартело работи во Каракас во истражувачки центар приклучен на Дирекцијата за хидрологија и метеорологија на Министерството за животна средина и природни ресурси.[1] Екстремните временски настани се во фокусот на нејзината работа.
Поради нејзиното истражување, Мартело била назначена во Меѓувладиниот панел за климатски промени. Во 2007 година, како заменик-претседател на Работната група I: Физичка научна основа за климатските промени, таа била вклучена во создавањаето на Четвртиот извештај за проценка на IPCC.[2] На почетокот на 2007 година, таа беше сменета во IPCC од страна на д-р Миријам Дијаз, новиот назначен од Владата на Венецуела.[3]
Наводи
уреди- ↑ „IPCC Workshop on Changes in Extreme Weather and Climate Events: Workshop Report“ (PDF). INTERGOVERNMENTAL PANEL ON CLIMATE CHANGE. Beijing. 11–13 June 2002. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 October 2005. Посетено на 2021-04-05.CS1-одржување: датумски формат (link)
- ↑ „IPCC AR4 WGI Organization“. Intergovernmental Panel on Climate Change. 2008-01-16. Архивирано од изворникот на 9 May 2008. Посетено на 2021-04-05.
- ↑ „REPLACEMENT OF A MEMBER OF THE IPCC BUREAU“ (PDF). INTERGOVERNMENTAL PANEL ON CLIMATE CHANGE. 4 May 2007. Архивирано од изворникот (PDF) на 13 July 2007. Посетено на 2021-04-05.