Мала седефка
Малата седефка (Issoria lathonia) е пеперутка од видот на седефки. Пеперутката ја има и во Македонија.
Мала седефка | |
---|---|
Горна страна | |
Долна страна | |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Issoria |
Вид: | Мала седефка |
Научен назив | |
Issoria lathonia (Linnaeus, 1758) | |
Синоними[1] | |
Список
|
Подвидови
уредиПодвидови на оваа пеперуга се:[2]
- Issoria lathonia lathonia
- Issoria lathonia isaea (Gray, 1846) (Хималаи)
- Issoria lathonia messora (Fruhstorfer, 1909) (Кина)
- Issoria lathonia isaeoides Reuss, 1925
Опис
уредиОваа пеперуга се наоѓа во скоро цела Европа, Северна Африка па сè до западна Кина.[2][3] Пеперугите живеат на отворени простори, на суви места. Пеперугата живее на надморска висина до 2.700 метри.[2][4][5]
Ова е пеперуга со средна големина и распон на крилјата од 38 до 46 мм.[4] Горната страна на пеперугата е темнопортокалова со црни дамки во различни форми и големини. На врвовите има бели мали точки. На задниот дел има сива нијанса. Долната страна е слична на горната, но задните дамки не се црни туку сиви.[5]
Гасеницата може да достигне големина до 35 мм. Таа е сивкасто-кафеава со црни точки.[5]
-
Мажјак
-
Мажјак
-
Женка
-
Женка
Литература
уреди- Porter, Jim (1997), The Colour Identification Guide to Caterpillars of the British Isles (Macrolepidoptera), Viking, London. pp. 16–17.
- Bretherton, R.F. (1990), „ARGYNNIS LATHONIA (Linnaeus)“, Во Emmet, A.M.; Heath, J.; и др. (уред.), The Moths and Butterflies of Great Britain and Ireland, 7 Part 1 (Hesperiidae to Nymphalidae), Colchester: Harley Books, стр. 222–224
- Zobar, Damla; Genc, Hanife (2008), „Biology of the Queen of Spain Fritillary, Issoria lathonia“, Florida Entomologist, 91 (2): 237–240, doi:10.1653/0015-4040(2008)91[237:botqos]2.0.co;2.
- Carter, D.J.; Hargreaves, B. (2001), Guide des chenilles d'Europe (француски), Paris: Delachaux et Niestlé, ISBN 978-2-603-00639-9
- Tolman, Tom; Lewington, Richard (2010), Guide des papillons d'Europe et d'Afrique du Nord (француски), Paris: Delachaux et Niestlé, ISBN 978-2-603-01649-7
Наводи
уреди- ↑ Lepiforum.de
- ↑ 2,0 2,1 2,2 "Issoria Hübner, [1819]" at Markku Savela's Lepidoptera and Some Other Life Forms
- ↑ „Fauna europaea“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2022-02-04.
- ↑ 4,0 4,1 „Captain's European Butterfly Guide“. Архивирано од изворникот на 2011-05-26. Посетено на 2022-02-04.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Papillon de Poitou-Charentes
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Мала седефка“ на Ризницата ? |
„Issoria lathonia“ на Викивидовите ? |