Мала преливка
Малата преливка (Apatura ilia) е пепруга од видот на пеперутки преливки. Оваа пеперуга живее во ското цела Европа, вклучително и во Македонија, а се наоѓа и во Азија.
Мала преливка | |
---|---|
A. i. ilia | |
Примерок сликан во Унгарија | |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Apatura |
Вид: | Мала преливка |
Научен назив | |
Apatura ilia (Denis & Schiffermüller, 1775) |
Опис
уредиРаспонот на крилјата на пеперугата е од 55 до 60 кај женките, а кај мажјаците е од 60 до 70 мм. Горната страна на пеперугата е доста шарена, боите се преливаат една во друга од каде и доаѓа името на видот. Предниот дел е во темносина кон црна боја која постепено се прелива во сина за на крај на задниот дел да премине во светлосина. Крилјата се исшарани со бела неправилна линија и бели дамки. Покрај нив, има и црно око со портокалова бордура во предниот и задниот дел. Опашката исто така има портокалова нијанса. Телото е темнисиво. Доланата страна на пеперугата е кафена, со различни нијанси на бојата. Има и бели и црни дамки.Пеперугата лета од мај до септември и има две генерации годишно.
Галерија
уреди-
Гасеница
-
Црното око на пеперугата
-
Примерок сликан во Германија
-
Примерок сликан во Унгарија.
-
Примерок сликан во Унгарија.
Музејски примероци
-
Мажјак, горна страна
-
Мажјак, долна страна
-
Мажјак, горна страна
-
Мажјак, долна страна