Македонска студентска организација „Гоце Делчев“
(Пренасочено од Македонска студентска корпорација "Гоце Делчев")
Македонската студентска организација "Гоце Делчев" е културно-просветна организација која е основана во летото 1919 година од студенти кои студираат во Софискиот универзитет "Свети Климент Охридски" со задача да се бори за ослободувањето на Македонија од српска и грчка власт. Организацијата престанала да постои во 1920 година и на нејзино место е формирано Македонското студентско друштво "Вардар" [1].
Извори
уреди- ↑ Куманов, Милен. Македония. Кратък исторически справочник, София, 1993, стр. 149.