Македонска алпинистичка асоцијација
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Македонската алпинистичка асоцијација е највисока форма на организирање на алпинизмот во Република Македонија. Асоцијацијата ја сочинуваат друштвата, клубовите и секциите кои се занимаваат со алпинизам. Основна цел на асоцијацијата е омасовување и развивање на алпинистичката активност во Македонија, преку образовање алпинистички кадар, уредување алпинистички места, издавање стручна литература, организирање врвни алпинистички акции и насочување на организациските активности во алпинизмот.
Формирање
уредиПочетоците на постоењето на Македонската алпинистичка асоцијација како организациска форма на македонскиот алпинизам, датираат од крајот на шеесеттите години кога со формирањето на првото алпинистичко друштво во Република Македонија - друштвото МАТКА, при тогашниот Планинарски сојуз на Македонија се формира Комисијата за Алпинизам.
Во почетокот на осумдесеттите години од минатиот век, со започнувањето на првата програма за македонски алпинистички експедиции, комисијата е преименувана во Комисија за алпинизам и експедиции.
Овој назив и оваа организациска форма се во функција сè до 1996 година, кога со одлука на Претседателството на тогашната Комисија, за време на еден алпинистички собир во местото Матка, е формирана Македонската алпинистичка асоцијација. Новоформираната алпинистичка асоцијација беше логичен континуитет на претходната комисија за алпинизам, со тоа што беа направени некои структурни промени со цел да се овозможи нејзино поефикасно функционирање во рамките на постоечкиот Сојуз на планинарските спортови, како и со цел да се одговори на новите предизвици што стоеја пред македонскиот алпинизам.
Важно е да се напомене дека Македонската алпинистичка асоцијација е првата асоцијација која е формирана во рамките на планинарската федерација, и на почетокот бевме критикувани за сепаратизам и дисидентство, посебно од оние кои посакуваа истото да го направат во својот спорт но немаа ниту доволно храброст ниту доволно доблест за такво нешто. До ден денешен Македонската алпинистичка асоцијација е лојален член на семејството на планинарските спортови, почитувајки ги Статуот и одредбите за работа и трошејки најмалку пари од заедничката каса и покрај непобитните резултати во прилог на градењето на фундаментот за развој на алпинизмот, а тоа се образованието на нови луѓе, уредувањето на местата и издавањето стручна литература.
Денес
уредиДесет години после формирањето на Македонската алпинистичка асоцијација можеме со гордост да констатираме дека имаме реализирано важен дел од плановите за работа кои ги поставивме пред себе. Најважното нешто се новите луѓе во алпинизмот. Во моментов, во македонскиот алпинизам има повеќе активни алпинисти од кога и да е претходно, како и повисоко ниво на алпинистички квалитет, како кај поединците, така и кај секциите и алпинизмот во целина. За жал катастрофалната економска реалност во Македонија не ни даде шанса да организираме национална експедиција со која ќе излеземе во некој од поголемите планински масиви во светот. Затоа пак тоа како предизвик и задача се наметнува пред нас во времето што доаѓа. Во моментов во Македонската алпинистичка асоцијација членуваат десетина друштва, клубови и секции кои се членки на Федерацијата на планинарските спортови на Македонија. Основна форма на нашите активности се алпинистичките собири кои се организираат еднаш до двапати месечно во некое алпинистичко место. За време на собирите спроведуваме и другите активности како што се одржување едукациски семинари, курсеви, испити и уредување на местата.
Алпинистички Акции
уредиЧетири пати годишно организираме алпинистички акции надвор од нашата земја.
Две акции се од т.н. "кадровски тип" наменети за образование и усовршување на младите алпинисти кои напреднале во својот развој и кои имаат потреба да качуваат во поголем и непознат алпинистичко место како начин за сопствен развој и усовршување. Покрај тоа, средбата со странски алпинисти има непроценливо значење како за нивниот поединечен развој така и за нашиот алпинизам во целина.
Другите две акции се наменети за напредни и искусни алпинисти со цел реализирање на тешки искачувања во алпинистичките места надвор од нашата земја и имплементирање на светските вредности кај нас. За жал засега заради катастрофалниот буџет на асоцијацијата (се на се околу 1000 ЕУР годишно) алпинистичките акции предвидени за надвор од нашата земја ги реализираме главно во соседна Бугарија. За подалеку немаме пари.
- Но постојат помали групи алпинисти па и поединци кои секоја година самостојно се организираат и заминуваат во некои од поголемите алпинистички центри во Европа и светот. Искуството Што со себе го носат назад во Македонија е драгоцено за развојот на нашиот алпинизам.