Македонска аикидо федерација - Аикикаи Македонија
Македонска аикидо федерација - Аикикаи Македонија е организација која обединува здруженија на граѓани (клубови) чија дејност е аикидо. Целта ѝ е изучување на аикидото во неговата изворна форма, според начелата поставени од основачот Морихеи Уешиба и според стандардите на Аикикаи Фондацијата од Токио, Јапонија. Формирана е во 2006 година.
Лого на МАФ | |
Кратенка | МАФ - Аикикаи Македонија |
---|---|
Основана | 2006 г. |
Цел | Промоција и развој на боречката вештина аикидо во Р Македонија |
Место | Скопје, Македонија |
Членство | клупско |
Главно тело | Генерално собрание |
Припадност | Светски центар за аикидо - Аикикаи фондација во Токио, Јапонија |
Мреж. место | www.aikido.mk |
Административен статус
уредиМАФ е регистрирано правно лице согласно Законот за здруженија и фондации во Република Македонија со седиште во Скопје. Територијата на дејствување е целата територија на републиката. Федерацијата ја претставува нејзиниот претседател, а главното одлучувачко тело е нејзиното собрание кое е сочинето од претставниците на поединечните клубови-членки.[1]
Името на федерацијата
уредиЈапонскиот збор „Аикикаи“, во името на федерацијата, во превод значи „Организација за АИКИ“ или поточно: „Организација за хармонизација на енергија“. Истиот е преземен од името на матичната организација за аикидо во Токио, Јапонија, која го носи името „Аикикаи фондација - Светско седиште на аикидото“ (Aikikai Foundation - Aikido world headquarters).
Цели
уредиЕдна од целите на МАФ е обезбедување на полно Признавање од Аикикаи фодацијата во Токио. До исполнувањето на сите услови за ова признавање, МАФ ги одржува официјално воспоставените односи со Аикикаи фондацијата од Токио, и од неа ги добива сите дипломи за членовите кои положуваат за мајсторски степени (ДАН степени).
Меѓународен статус
уредиМакедонската аикидо федерација - Аикикаи Македонија, според својот статут и техничките правила, ги признава сите документи (дипломи, сертификати, титули и др.) издадени и верификувани од Аикикаи фондацијата во Токио.
Македонската аикидо федерација - Аикикаи Македонија, според својот статут и техничките правила, издава сертификати за право на подучување аикидо на лица кои ги исполнуваат условите наведни во техничките правила. Сертификатите важат во рамките на федерацијата.