Македонски Интербанкарски Платен Систем
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Македонски Интербанкарски Платен Систем (МИПС) е систем на Народна банка на Република Македонија преку кој се вршат сите меѓубанкарски плаќања. Работи по т.н. RTGS принцип, што значи дека плаќањата се извршуваат во реално време, т.е. веднаш.
Ова е прв систем во Македонија кој користи електронски потпишани документи и беше предвесник на широкото прифаќање на информациската технологија во банкарството во Македонија.
Започна со работа на 30.07.2001 година, под раководство на Дане Крстевски, директорот на Дирекцијата за платни системи.
Учесници во системот се Народна банка, деловните банки, брокерските куќи, Министерството за финансии, клириншката куќа КИБС, Централниот Депозитар за хартии од вредност, картичниот центар КаСис, Мастеркард и други.
Системот работи со употреба на SWIFT стандардите за електронски потпишани налози за плаќање.
Системот работи од 07:30 до 16:30 за плаќања на клиентите на банките и до 17:00 за меѓубанкарски плаќања.
Секој ден преку овој систем се порамнуваат просечно по околу 6,5 милијарди денари.
Надворешни врски
уредиПовеќе информации може да се најдат на мрежното место на Народната банка за МИПС системот: [1] Архивирано на 25 ноември 2010 г.
Macedonian Banking Sector Report, USAID - [2]