Развојна банка на Македонија

развојна банка во Скопје
(Пренасочено од МБПР)

Развојна банка на Македонија (РБМ) (порано: Македонска банка за поддршка на развојот) — македонска развојна банка која е во 100% државна сопственост. Основана е во 1998 година со примарна цел поддршка на домашните микро, мали, средни  и извозно ориентирани трговски друштва и зацврстување на конкурентноста на македонското стопанство. Банката ги поддржува домашните компании преку: директно кредитирање и кредитирање преку комерцијалните банки, краткорочно осигурување на извозот на македонски производи и услуги од комерцијални и политички ризици, факторинг во земјата и во странство и издавање гаранции. Седиштето на банката е на ул. Димитрие Чуповски, бр. 26, 1000 Скопје.

Финансирање на банката

уреди

Основачкиот капитал на РБСМ изнесува 22.4 милиoни евра, при што државата е единствен сопственик на банката. За извршување на задачите и активностите РБСМ обезбедува средства по пат на задолжување во земјата и странство и со издавање на должнички хартии од вредност во согласност со закон.

Функции и активности на РБСМ

уреди

Работењето на банката се заснова на неколку принципи:

  • неконкурентност, недискриминација и транспарентност во работењето,
  • рентабилност и ефикасност,
  • економска оправданост на инвестициските проекти и инвестициите,
  • примена и унапредување на доброто корпоративно управување во Банката.

РБСМ ги извршува следниве активности:

  • финансирање на развојот на македонското стопанство,
  • финансирање на инфраструктурата,
  • поддршка на развојот на малите и средни претпријатија во РСМ,
  • поттикнување на извозот,
  • поттикнување на заштита на животната средина,
  • осигурување на извозот на македонски производи и услуги од комерцијални и политички ризици,
  • поддршка на регионалниот развој.

При финансирањето на развојните и извозните активности на малите и средни претпријатија, РБСМ тргнува од следниве приоритети:

  • стопански гранки што се од посебно значење за македонската економија,
  • проекти што обезбедуваат нови вработувања,
  • проекти што носат нови технологии,
  • набавка на опрема од домашно производство,
  • проекти што носат нето-девизен прилив,
  • проекти што се засноваат врз користење на домашни суровини,
  • проекти што се во согласност со прописите за заштита на животната средина.

Банката работи според истите законски прописи кои важат за комерцијалните банки и подлежи на супервизијата на Народната банка на Северна Македонија. [1] Министерство за финансии на РСМ [2] Влада на Република Северна Македонија [3]

Кредитирање

уреди

РБСМ кредитирањето го врши преку банките учеснички (комерцијалните банки) во државата и директно (преку РБСМ).

Кредитни линии преку деловните банки:

  1. Бескаматни кредитни линии,
  2. Кредитни линии на Европската инвестициска банка,
  3. Кредити за агросекторот - ЗКДФ,
  4. Кредити од РБСМ,
  5. Кредити за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија,
  6. Субвенционирање на камата по кредити дадени од деловните банки на компании кои ја реинвестирале добивката.

Кредитни линии директно преку РБСМ:

  1. Бескаматни кредитни линии,
  2. Кредити за агросекторот - КФ,
  3. Кредити за општините.

Кредитно осигурување

уреди

РБСМ врши осигурување на:

  1. Извозни побарувања, по и пред испорака на стоки,
  2. Домашни побарувања, по и пред испорака на стоки.

Факторинг

уреди

Услугата факторинг подразбира:

  1. Извозен факторинг (откуп на побарувања/фактури од странски купувачи),
  2. Домашен факторинг (откуп на побарувања/фактури од домашни купувачи).

Гаранции

уреди

РБСМ ги издава следните гаранции:

  1. Портфолио гаранции (Гарантен фонд),
  2. Индивидуални гаранции (Гарантен фонд),
  3. Царински гаранции (Гаранции за царински долг при увоз за облагородување).

Наводи

уреди
  1. „Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје“. www.nbrm.mk (англиски). Посетено на 2022-09-27.
  2. „МФ, ЕИБ и Развојна банка потпишаа договор за нови 100 милиони евра евтини кредити за мали и средни фирми“. finance.gov.mk. Посетено на 2022-09-28.
  3. „Јавен повик за корисниците на Ковид 1 линијата на бескаматни кредити од Развојна Банка на Република Северна Македонија“. Влада на Република Северна Македонија. 2020-10-08. Посетено на 2022-09-28.

Надворешни врски

уреди