Личен организатор
Личен организатор, датумска книга/тетратка, нотес, дневен планирач, личен аналоген помошник, личен планирач, годишен планирач, или агенда (од латински агенда - работи кои треба да се направат), е мала книга или врзивно средство, која е створена да биде пренослива. Обично содржи дневник, календар, именик, празна хартија и други делови.[1] Организаторот е лична алатка и може да содржи страници со корисни информации, како што се карти и телефонски кодови. Таа е поврзана со посебните канцелариски материјали што има една или повеќе исти функции, како што се календари за состаноци, ролодекси, тетратки и алманаси.
Во странство, понекогаш тие биле нарекувани како филофакс[2] особено во 1990-тите. Филофакс е исто така име на компанија со седиште во Обединетото Кралство, која произведува низа на закопчувачки лични организатори.
До крајот на 20. век, хартиените и другите врзивни лични организатори започнале да се заменуваат со електронски уреди како што се лични дигитални помошници (PDA), софтвер за управување со лични информации и организатори преку Интернет. Овој процес бил забрзан во почетокот на 21. век со доаѓањето на паметните телефони, плочестите (таблет) сметачи, паметни часовници и разновидни мобилни апликации.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Farlex (2018). „The Free Dictionary: personal organizer“. Посетено на 20 август 2020.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2020-08-06. Посетено на 2020-08-20.