Линда Шир
Линда Шир (1948 година во Чикаго, Илиноис) е пејачка-текстописец и пијанист.
Биографија
уредиНа 13 мај 1972 година, таа настапила на концерт во Универзитетот во Илиноис, кампусот во Чикаго. Таа била придружувана од перкусионистката Ела Секели. Таа вечерта имала и придружба од женско-либерациониот рок бенд од Чикаго. Набргу потоа, Шир започнала да настапува со нејзиниот бенд, Family of Woman. По распаѓањето на Family of Woman, Шир започнала со турнеја и го издала својот албум A Lesbian Portrait на нејзината независна издавачка куќа, Old Lady Blue Jeans, во 1974 година. Таа настапувала на концерти и на женски музички фестивали, вклучувајќи го и музичкиот фестивал во Мичиген . Во 1977 година таа била поддржувач на лезбејскиот сепаратизам.
Иако Шер имала мал комерцијален успех, таа останала икона во некои лезбејски кругови.[1]
На 28 септември 2008 година, по 25 години домашно партнерство, Линда се омажила за Виндфлауер Таунли. Тие живеле во Северна Калифорнија со нивните две кучиња, Ема Роуз и Скајлар Грејс.[2]
Наводи
уреди- ↑ „DYKE A Quarterly“. DYKE A Quarterly. Посетено на 2021-05-29.
- ↑ „Chicago Gay History“. www.chicagogayhistory.com. Посетено на 2021-05-29.