Летница (риба)
Летница или Salmo aphelios, (Salmo letnica aestivalis) – претставува летна форма на Охридска пастрмка предст една од која во денешно време некои автори ја сметаат за посебен вид.Службен весник на Р Македонија бр.145</ref>
Опис и распространетост
уредиОхридската пастрмка- летната форма, летница, се мрести во месеците јули и август и тоа на длабочини поголеми од 70 метри, во близина на одделни подводни извори, каде температурата не надминува 12°С. Во Охридското Езеро најпознати локалитети за нејзин мрест се на потегот од автокампот Градиште до местото викано Вељапеш, потоа кај полуостровот Трепет во Албанија. Постојат сознанија и за други локалитети, но овие се најпознати.Службен весник на Р Македонија бр.145</ref>
Основни биолошки одлики
уредиПо однос на другите особености и начинот на живот се совпаѓа со другите форми од Охридска пастрмка.Службен весник на Р Македонија бр.145</ref>
Значење
уредиЛетната форма- летница има посебно значење од аспект на подвоеноста на нејзиниот приророден мрест во лето. Од 1945 до 2003 година за неа се изведувал и посебен лов за вештачки мрест, при што нејзините полово зрели единки се ловле со повлечни мрежи – мегдански влак. Но за жал од 2003 година нејзината популација била целосно намалена и таков лов веќе не се изведувал.[1]