Лена Ајнхорн
Лена Ајнхорн (родена на 19 мај 1954 година) е шведска режисерка и писателка и поранешен лекар.
Ран живот и семејството
уредиАјнхорн е родена на 19 мај 1954 година[1] во Спанга, Шведска. Нејзината мајка, Нина, избегала од варшавското гето за време на Втората светска војна и се населила во Шведска, а нејзиниот татко Јержи бил специјалист за рак, политичар и преживеан од Холокаустот, кој во 1966 година напишал книга за она што го доживеал. Нејзиниот помлад брат е доктор и автор, Стефан Ајнхорн.[2]
Кариера
уредиОткако дипломирала на Институтот Каролинска во Стокхолм со докторат по вирусологија и биологија на тумори, таа работела како лекар, специјализирана за туморски вируси и причинители на рак кај фетуси и новороденчиња. [3]
Својата кариерата ја променила кога живеела во Соединетите држави во 1980-тите и почнала да работи како медицински уредник во Лајфтајм телевизија, каде што исто така продуцирала и пишувала медицински документарни филмови. Исто така, продуцирала научни и медицински документарни филмови за независни компании и за ПБС додека не се вратила во Шведска во 1994 година.[3]
По враќањето во Шведска, станала независна филмаџика. Нејзиниот драмски документарец од 1998 година, Патувачки продавач во животот, се фокусира на спасувачките напори за време на Втората светска војна и била основата на нејзиниот прв роман, исто така наречен Патувачки продавач во животот, кој бил објавен во 1999 година.[3]
Еден месец откако на двајцата родители на Ајнхорн им бил дијагностициран неизлечлив рак кон крајот на 1999 година, таа направила снимено интервју со нејзината мајка за нејзините искуства од гетото во Варшава за време на Холокаустот. Планот на Ајнхорн бил да сними игран филм со нејзината мајка како наратор, меѓутоа, таа не можела да обезбеди финансии пред нејзината мајка да умре во 2002 година, па наместо тоа решила да напише книга. Таа успеала да обезбеди финансирање шест месеци подоцна и објави и филм и книга наречена „Патувањето на Нина“. Филмот ја освоила наградата Гулдбаге за најдобар филм и за најдобро сценарио[3] и книгата ја освоија наградата Август 2005 година. [2]
Ајнхорн ја напишала својата прва драма, Дневна соба со Анет Салмандер. Премиерата била прикажана во 2008 година во Културхусет во Стокхолм.[3]
Таа го објавила филмот „Изгубено уметничко дело “ во 2012 година, што следела по двегодишната потрага по шест слики кои биле ограбени од нацистите од детскиот дом на нејзиниот татко во Јужна Полска.[3]
Ајнхорн напишала две книги со хипотеза за алтернативно разбирање на животот, смртта и воскресението на Исус - Мистеријата на Исус во 2007 година,[4] и Промена во времето во 2016 година.[5]
Ајнхорн е член на Научен форум Ковид 19, група која го критикувала одговорот на шведската влада на пандемијата Ковид 19 во Шведска. [6]
Наводи
уреди- ↑ „Lena Einhorn“. Svenska Dagbladet (шведски). 27 February 2005. Посетено на 16 October 2020.
- ↑ 2,0 2,1 Liska, Vivian; Nolden, Thomas (5 December 2007). Contemporary Jewish Writing in Europe: A Guide (англиски). Indiana University Press. стр. 70. ISBN 978-0-253-00007-1.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 „Lena Einhorn | Nordic Women in Film“. nordicwomeninfilm (шведски). Посетено на 23 August 2020.
- ↑ Einhorn, Lena (2007). The Jesus mystery : astonishing clues to the true identities of Jesus and Paul. Guilford, Conn.: Lyons Press. ISBN 978-1-59921-148-0.
- ↑ Einhorn, Lena (2016). A shift in time : how historical documents reveal the surprising truth about Jesus. New York, NY. ISBN 978-1-63158-099-4.
- ↑ Vogel, Gretchen (2020-10-06). „'It's been so, so surreal.' Critics of Sweden's lax pandemic policies face fierce backlash“. Science | AAAS (англиски). Посетено на 2020-11-05.