Лара Алкок (англиски: Lara Alcock) е британски професор по математика. Таа е читател по математичко образование на Универзитетот Лафбороу, раководител на Центарот за образование по математика во Лафбороу, и автор на неколку книги по математика.[1] Алкок ја освоила наградата Селдн за нејзините истражувања во образованието по математика[2] и е национален наставен соработник.[3]

Образование и кариера

уреди

Алкок дипломирала и се стекнала со магистерски степени по математика на Универзитетот во Ворик, а во 2001 година го завршила докторатот по математичко образование во Ворик.[1][2] Нејзината дисертација, Категории, дефиниции и математика: Студентски размислувања во врска со објектите за анализа, била надгледувана од Адријан Симпсон.[4] По работењето како асистент професор на Универзитетот Ратгрс во Њу Џерси, таа се вратила во Обединетото Кралство, како наставен соработник на Универзитетот Есикс. Таа се преселила во Лафбороу во 2007 година.[1][2]

Признанија

уреди

Алкок е добитничка на наградата Ени и Џон Селдн, за Истражување во додипломското образование по математика, дадена од страна на Математичкото здружение на Америка.[2] Таа била назначена за национален наставен соработник од страна на Академијата за повисоко образование во 2015 година.[3]

Книги

уреди

Алкок е автор на:

  • Идеи од Образованието по Математика: Вовед за математичари (со Адријан Симпсон, Академија за Повисоко Образование, 2009)
  • Како да студирате за Степен по Математика / Како да студирате за да бидете Мајстор по математика (Обединето Кралство / САД; Печат на Универзитот Оксфорд, 2013); Wie man erfolgreich Mathematik studiert (преведена на германски јазик од Бернард Герл, Спрингер Спектрум, 2017)[5]
  • Како да размислувате околу анализата (Печат на Универзитот Оксфорд, 2014)[6]
  • Рестартирана Математика: Свеж Пристап кон Разбирањето (Печат на Универзитот Оксфорд, 2017)[7]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Centre Staff: Dr Lara Alcock, Loughborough University Mathematics Education Centre, Архивирано од изворникот на 2018-09-13, Посетено на 2018-09-12
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2012 Selden Prize Winner, Mathematical Association of America, Архивирано од изворникот на 2015-09-09, Посетено на 2018-09-12
  3. 3,0 3,1 Grove, Jack (11 June 2015), „National Teaching Fellows of 2015 are named: Fifty-five people working in universities have been named as the latest winners of the sector's top honour for teaching and learning“, Times Higher Education
  4. Alcock, Lara (2001), Categories, definitions and mathematics : student reasoning about objects in analysis – преку University of Warwick Publications service & WRAP
  5. Reviews of How to Study for a Mathematics Degree:
    • Foster, Colin (July 2014), The Mathematical Gazette, 98 (542): 377–378, doi:10.1017/s0025557200001625CS1-одржување: списание без наслов (link)
    • Storr, Graham (November 2014), The Mathematical Gazette, 98 (543): 547, doi:10.1017/s0025557200008457CS1-одржување: списание без наслов (link)
    Review of How to Study as a Mathematics Major: Review of Wie man erfolgreich Mathematik studiert:
    • Panse, Anja (January 2018), Mathematische Semesterberichte, 65 (1): 133–135, doi:10.1007/s00591-018-0219-6CS1-одржување: списание без наслов (link)
  6. Review of How to Think about Analysis:
  7. Reviews of Mathematics Rebooted:

Надворешни врски

уреди