Лакалака
Лакалака - групно танцување од Тонга каде изведувачите главно стојат во место и прават гестови само со рацете. Се смета за национален танц на Тонга и дел од нематеријалното човечко наследство. Идеален танц е за свечени прилики, како роденден на кралот или отворање на црква.
Историја
уредиСе чинело дека сегашната лакалака била сосема еднаква на античкиот танц со раширени раце, чии описи постоеле од раните европски истражувачи, но танцот бил забранет од мисионерите поради тоа што бил премногу „незнабожечки“. Ова било потврдено во 1850 година од кралот Џорџ Тупоу I. Во секој случај, не било прецизирано што точно се подразбирало под „пагански танц“. Има извештаи за некои огромни танцови фестивали од овие времиња, а нема извештаи за какви било апсења.
Лакалака, како што е позната во денешно време, се смета дека била измислена кон крајот на 19 век од висок поглавар, кој бил и методистички проповедник. Со оглед на тоа дека танцот никогаш не престанал да се практикува, веројатно би било подобро да се каже дека тој го ревитализирал.[1] Се родил нов танц, кој сепак задржал многу од неговите оригинални карактеристики и бил одобрен од мисионерите.
Кореографија
уредиТанцовите движења на мажите и жените биле различни. Најчесто жените правеле мали чекори само лево и десно, а движењата на рацете им се мали и течни. Сепак, движењата на рацете биле подалеку од телото. Движењата на мажите се подиви и поенергични. Покрај малите чекори, тие понекогаш можеле да се свртат, да седнат или дури и да легнат.
Играчите стоеле во еден или повеќе редови, во зависност од бројот на учесници. Мажите десно, жените лево како што ги гледале од јавноста. Зад нив стои хорот. Лакалака нема многу инструментална придружба. Понекогаш среде некоја лакалака има строфи со поинаков тип на текст и музика од останатите.
Танцот обично започнувал со пеење на првата строфа и од играорците и од хорот, што е почит кон богот, кралот и началниците на земјата. На следната строфа започнува танцувањето. Прво мирно и придушено, но кон крајот станува сè подиво, а темпото на ритамот исто така се зголемува. Сите се возбудуваат, и изведувачите и јавноста.
Изведувачи
уредиЛичностите во средината на првиот ред, на линијата на поделба меѓу двата рода се централни изведувачи. Тоа биле лицата со највисок ранг од групата, често принц или принцеза. Тие обично носеле униформа различна од останатите. Двете последни позиции, односно на самите краеви на првиот ред, исто така биле резервирани за високи лица.
За танцовата група била голема чест ако принц или принцеза или благородник учествува на централна позиција. Ова можело да се направи само во прилики кога кралот е почесен гостин, за неговиот роденден или стогодишнината од црквата, и слично. Затоа што сите тонгански танци, особено оние формалните како лакалака, се всушност почит кон поглаварите. Во тонганското општество секој има одреден ранг.
Наводи
уреди- ↑ Firitia Velt (1991). „The ʻotuhaka among the other Tongan dances“. ʻOtuhaka, a Tongan Dance (PDF). Nukuʻalofa: Atensi Institute. стр. 5. Посетено на 18 January 2022.