Будизмот смета дека човековото битие е морално неутрално, дека доброто и злото се во рамнотежа и дека во личноста постојат латентни потенцијали на доброто (на санскрт кусули) и злото (акусули). Персоналните чинители на однесување се наоѓаат во состојба на заемен антагонизам, додека пак психичкото здравје и моралот на човекот се одредени од актуелниот однос помеѓу бројот на кусули и акусули. Моралното зло е последица на премоќ на нездравите чинители односно на психичката напнатост на личноста. Кусулите едновремено претставуваат вредности кон кои човекот се стреми. На спротивната страна се наоѓаат антивредности во вид на конкретни нездрави чинители. Списокот на најзначајни вредности кои ја одредуваат психичката хармонија и воедно социјално прифатливото однесување на човекот спаѓаат умереноста (санск. hiri), обзирност (санск. ottapa), правичност (санск. cittujjukata) и сигурност (санск. saddha). Од другите здрави чинители на личноста се издвојуваат вредностите независност, прилагодливост, скромност, искреност итн.

Нездравите чинители на личноста се своевидни антивредности и како такви претставуваат извор човековото страдање и зло. Тоа се, пред се, бесрамноста санск. ahirika), безобзирноста (санск. anottappa), егоизмот (санск. mana), заблудата (санск. moha), зависта (санск. issa), мрзеливоста (санск. thina) и слично.

Будизмот учи дека со долготрајна и напорна медитација може да се дојде до психичко здравје и да се постигне состојба на совршено блаженство (санкр. Арахат). Медитацијата постепено ја ослободува личноста од нездрави чинители, додека истовремено се надоградува со адекватни здрави вредности. Идеалната состојба на психичкиот развој потврдува чувството на савршенство кое зрачи од личноста на Арахат. Арахат се истакнува со непристрасен однос кон сите луѓе без обзир на околностите, живост, смирена радост, остро забележување, пробраност, одлучност и вештина во преземање акција, безусловна отвореност кон останатите луѓе, разбирање на нивните емоции и потребз итн.

Арахатот е идеал и цел на секој, што ја совладал уметноста на мислење, чекање и пост. Се работи за тријада на способности со која човекот управува со сопственото битие, посебно кога се залага за успех на сложениот процес на медитација која му овозможува директен пристап кон возвишените содржини односно состојби на духот.

Литература

• Cakirpaloglu, P. (2009). Psychologie hodnot (Druhé doplněné a přepracované výdání). UP Palackého, Olomouc, s. 1-376, ISBN 978-80-244-2295-4.

• Hall, C. S., Lindzey, G. (1983). Teorije ličnosti. Beograd. Nolit.

• Hesse, H. (2003): Siddhartha. Argo. ISBN 80-7203-531-2.

• Knipe, D. M. (1997) Hinduismus. Náboženské tradice sveta. Praha, Prostor. ISBN 80-85190-57-5.