Крст-енколпион Богородица Купјатицкаја

Крст-енколпион Богородица Купјатицкаја е христијански крст. Создаден е во Киев во XII век.

Изработен е со лиење од легура на бакар. Денес се наоѓа во Централниот музеј на стара руска уметност - Андреј Рубљов, Москва, Русија.

Во центарот на крстот е претставена Богородица со Младенецот на левата рака. На краевите во стилизирани медалјони се претставени портрети на апостоли. Богородица Купјатицкаја, иконографски припаѓа канонски на претставите за Пресвета Богородица Одигитрија, тоа е директно византиско влијанија, мотив кој често се среќава во некои икони од тој период најчесто во Македонија. Веќе на крајот на XII век, ликот на Пресвета Богородица Купјатицкај бил широко распространет во јужните руски земји и пошироко[1].

Наводи

уреди
  1. «Крест святой, надежда искупления моего…»