Критичка психологија
Критична психологија е перспектива за психологија која црпи опширни сознанија од критичка теорија. Критична психологија ја предизвикува општо прифатената (т.н. мејнстрим) психологија и се обидува да применува психички разбирања во понапредни начини, често се во потрага кон општествени промени како средство за спречување и лекување на психопатолошки појави.
Една од главните критики на критичката психологија кон конвенционалната психологија е дека таа не успева да го разгледа или намерно го пренебрегнува (игнорира) начинот на разликите на моќта помеѓу општествените класи и групи може да влијае на менталната и физичка добросостојба на поединци или групи на луѓе. Тоа го прави ова, делумно поради тоа што има тенденција да се објасни однесувањето на ниво на поединец.