Кристина Пулејкова
Кристина Пулејкова е македонска уметница
Биографија
уредиКристина Пулејкова (родена во Скопје, 1988 година) е македонска уметница, стационирана во Лондон, чија интердисциплинарна практика е информирана од науката и технологијата. Кристина Пулејкова е уметница, која по завршувањето на средното уметничко „Лазар Личеноски“, продолжува со своето образование вон Македонија, а изминатите неколку години, твори и функционира во Лондон, Велика Британија. Во Виена заврши магистерски студии по експериментална анимација и сликарство, додека во Лондон постдипломски студии по уметност и наука, каде добива и награда за иновација. Во моментов, таа е уметник со седиште во студиото Сомерсет Хаус Студиос, (Somerset House Studios), Лондон. Делото на Кристина го истражува начинот како употребата на технологијата може да доведе до поголеми облици на одржливост во односите човекприрода. Работејќи низ движечката слика, звукот и инсталацијата, таа има за цел да изгради субјективни наративи, засновани врз научни податоци и начела. Во својата работа, таа има тенденција да замислува гласови – гласови од суштества, предмети, па дури и атоми, со цел да се обиде да ги воведе нечовечките перспективи. Преку употребата на извонредна технологија, делата на Кристина честопати се занимаваат со прашања од животната средина, притоа раскажувајќи лични приказни, кои ја ставаат публиката во центарот на сцената, овозможувајќи протагонистички пристап и поинаков начин на гледање на нештата. Кристина има магистерска диплома (БА + МА) по сликарство и анимација, стекната на Универзитетот за применета уметност, Виена, Австрија (2012), и магистерска диплома по уметност и наука од Сентрал Сеинт Мартинс (Central Saint Martins), Лондон, Обединето Кралство (2014). Делата на Кристина се изложени/емитувани, меѓу другите, и во Музејот на современа уметност, Скопје (самостојна изложба), Северна Македонија; МАК, Виена, Австрија; Проект Спејс Кунсталле (Project Space Kunsthalle), Виена, Австрија; Het Glaspaviljoen, Eindhoven, Холандија; Art COP21, Париз, Франција; Научен музеј, Лондон, Обединето Кралство; The V&A, Лондон, Обединето Кралство; Галерија Уајтцчапел (Whitechapel Gallery), Лондон, Обединето Кралство; Фестивал Art Licks, Лондон, Обединето Кралство; Lewisham Art House, Лондон, Обединето Кралство; Кралски колеџ за уметност. Од 2018 година, Кристина е и Менаџер на Програмата Art + Technology при SPACE, Лондон.
Изложби
уредиВо изложбата во 2016 година во Музејот на современата уметност (МСУ) „Јаглеродни мемории“, почнувајќи од метеорит стар 4,6 милијарди години и завршувајќи со анимација за човекот на иднината, изложбата „Јаглеродни мемории“го следи патувањето на јаглеродниот атом од неговото раѓање во вселената до неговите манифестации во биосферата. Нејзин втор поголем проект е „Свадбен пат“ (2019) со кој се претставува пред македонската публика, кој пак се поврзува и со третото мултимедијалното дело „Место на спојување“2021 на Кристина Пулејкова, тематски базирано на уникатната миграција на критично загрозената европска јагула, е претставено на 24 јули 2021, на главното пристаниште во Охрид Следејќи го животот на две јагули што доаѓаат од различни позадини (едната живее во Охридското Езеро, додека другата во реката Темза во Лондон) делото „Место на спојување“ на Кристина Пулејкова ќе се обиде да исцрта паралели помеѓу човечките искуства и оние на јагулата во поглед на миграцијата и самоостварувањето. За жал, охридската јагула е спречена да го остварува својот природен репродуктивен пат, бидејќи во 1962 година на трасата на јагулата била изградена брана кон Република Албанија, а денес на таа линија се наоѓаат уште пет други брани. Оттогаш Охридското Езеро вештачки се порибува со јагули. Овој дискурс на сериозно рамниште го поставува прашањето за човековото влијание врз еколошките катастрофи, од една страна, а исто така и политичкиот удел, перспективи и платформи, од друга страна. Миграцијата на јагулата до Саргаското Море авторката ја користи како аналогија за човековиот стремеж кон самоостварување, потрагата по тоа утописко место на спојување и состојба на битисување. Кристина Пулејкова е македонска уметница која живее на релација Скопје –Лондон. Нејзината интердисциплинарна практика во уметноста е надополнета со наука и технологија. Уметничките дела на Пулејкова имаат за цел да истражат како користењето на технологијата може да добие своја оправданост во одржувањето на релацијата човек-природа. Проектот „Место на спојување“ е поддржан од Принц Клаус Фонд за култура и развој и Гете институтот во рамките на програмата „Уметнички и културни согледувања на климатските промени“. Куратор на проектот беше Ана Франговска.