Крвава ајкула
Крвава ајкула (Heptranchias perlo) — вид на ајкула.
Има остро зашилена муцка, а таа е и една од само двата вида ајкули што имаат седум прорези за жабри - повеќе од сите други денешни видови ајкули. Живее во длабока вода каде што, близу до морското дно, лови лигни, ракови и риби. Како и ајкулите со шест прорези за жабри и овој вид има чешлести заби. Младите риби на врвот од единствената грбна перка и на горниот резен од опашната перка имаат црни ознаки што со староста избледуваат. Женките се ововивипарни, па одеднаш котат 6-20 младенчиња. Крвавата ајкула ретко се гледа жива и малку се знае за нејзиниот начин на хранење и размножување. Но во ретките случаи кога била фатена, се однесувала агресивно. Понекогаш случајно ќе се улови со мрежи, што можеби придонело за намалување на нејзината бројност. На Црвената список на загрозени видови на МСЗП е во категоријата „речиси загрозени видови“.