Краткоопашест синец
Краткоопашест синец (Cupido argiades) [1] е пеперутка од видот на пеперутки синци. Живее на просторот од Европа до Јапонија, меѓу кои и Македонија.
Краткоопашест синец | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Cupido |
Вид: | Краткоопашест синец |
Научен назив | |
Cupido argiades (Pallas, 1771) | |
Синоними | |
|
Опис
уредиЖенките и мажјаците се слично но со различни нијанси на боите. Горната страна на пеперугата е сина, со различни нијанси. Кон рабовите бојата преминува во црна. Телото и антените се исто така во сина боја. Долната страна е си синкасто-сива боја и има присуство на црни точки.[2]
Пеперугата може да се најде од Шпанија па сè до Јапонија. Живее во умерени предели. Возрасните единки летаат од мај до септември, во зависност од локацијата. Претпочита ливади и крајшумни предели на надморска висина од над 1500 метри.
Ларвите се во светлозелена боја со темни ленти на задниот дел и на страна. Се храни со Lotus uliginosus.[2] Lotus corniculatus, Lotus pedunculatus, Securigera varia, Medicago sativa, Trifolium pratense, Astragalus glycyphyllos и Ulex europaeus
Галерија
уреди-
Женка
-
Мажјак
Поврзано
уредиНаводи
уреди„Краткоопашест синец“ на Ризницата ? |
„Cupido argiades“ на Викивидовите ? |
- ↑ Cupido argiades, funet.fi
- ↑ 2,0 2,1 Bingham, C.T. (1907). The Fauna of British India, Including Ceylon and Burma. II (1. изд.). London: Taylor and Francis, Ltd.