Коњ со рачки
Коњ со рачки — гимнастичка справа.
Висината на справата е 1 м и 5 см од подлогата. Должината на телото е 1 метар и 60 сантиметри, додека растојанието помеѓу рачките се движи од 40 до 45 сантиметри, во зависност од вежбачот. Вежбите на коњот со рачки мора да се изведуваат бавно, во непрекината низа на кружни и клатилни движења, кружни движења на нозете, ножичести движења и со употреба на сите други делови од справата. Опфатот на движења што телото може да го изведе со крајна точност е составен од кружни елементи вклопени во една целина со сите други елементи и твори елегантен состав. Елементи на сила и издржливост на овој уред се забранети.
Историја
уредиКоњот со рачки се развил од вежбите и обуката што ги имале војниците, коњаниците, кога вежбале качување и слегување од коњ. За да не мораат да го прават тоа со живи коњи и да ги изморуваат, направиле дрвени коњи на кои им додавале седла и така вежбале.[1]
Димензии
уредиДимензиите на самата справа се одредени од Меѓународната гимнастичка федерација.
- Висина 115 см, вклучувајќи околу 20 см висина подлогата
- Должина - 160 см
- Ширина - 35 см
- Висината на рачките - 12 см
- Растојание помеѓу рачките од 40 см до 45 см (може да се дотерува).
Наводи
уреди- ↑ Историја коња са хватаљкама, Приступљено 9. 4. 2013.