Корисник:Zafirovna/Јасмина Наумоска

д-р Јасмина Наумоска е родена во 1985 година во Скопје.
Средното образование го завршила во ДСУ „Орце Николов“ во 2004 година. Дипломирала на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет - Скопје во 2008 година со просечен успех 9,98. Истата година ги запишала постдипломските студии на истиот институт, на насоката Историја на античката филозофија. Со одбраната на магистерскиот труд „Проблемот на познанието во стоичката и епикурејската филозофија“ во март 2010 година се здобила со научен степен магистер по филозофски науки. Под менторство на проф. д-р Вера Георгиева, во април 2013 година, ја брани докторската дисертација на тема „Проблемот на интерпретацијата на Платоновата филозофија“. Од 2011 година таа е студент на додипломските студии на Институтот за класични студии на Филозофскиот факултет - Скопје.

Во периодот од септември 2008 до јуни 2010 година Јасмина Наумоска била ангажирана како демонстраторка на Институтот за филозофија, а од јули 2010 година се вработила како помлад асистент во областите: Историја на филозофија и Филозофија (општ курс). Како асистент била ангажирана на предметите: Античка филозофија, Средновековна и ренесансна филозофија, Византиска филозофија, Хеленистичко-римска филозофија, Филозофска антропологија, Филозофија-општ курс. Во 2013 година е избрана за доцент во областите: Историја на филозофија, Филозофска антропологија и Филозофија (општ курс) и од студиската 2013/2014 година ги држи предметите: Византиска филозофија, Филозофска антропологија и Хеленистичко-римска филозофија.

Во периодот од јануари-мај 2012 година, како стипендистка на Американската Влада, во рамките на програмата за развој на млади предавачи (Junior Faculty Development Program), престојувала на Државниот универзитет на Флорида (Florida State University - Tallahassee, FL). На покана на овој универзитет, за време на престојот во САД, го одржала предавањето "What is Byzantine Philosophy?" Од 2011 година ја извршува функцијата на Генерален секретар на Филозофското друштво на Македонија. Истата година е вклучена и како член на Уредничкиот одбор на списанието „Филозофија“, а од 2013 година е вклучена како помшник-уредник во неговата трансформирана меѓународна верзија (Филозофија/Filozofija - A Journal of Philosophical Inquiry). Како членка или претседателка на програмски и организационен одбор учествувала во одржувањето на многу конференции, собири и други активности (XIème édition de l'Université européenne d'été du réseau OFFRES - Argumentation. Droit, politique, sciences, во организацијата на конференцијата „2400 години од основањето на Платоновата Академија“, Годишна конференција на CEENJ (Central and Eastern European Network of Jurisprudence), „Делото на Артур Шопенхауер - 150 години од смртта на филозофот“, „Делото на Дејвид Хјум - по повод 300 годишнината од раѓањето на филозофот“, „Филозофијата на крстопат: аналитичка и/или континентална филозофија“, „Филозофијата денес“, Прва студентска конференција „Метафизика“, „Втора студентска конференција „Естетика“, „Античкиот идеал на καλοκἀγαθία“). Членка е и на стручната редакција на проектот „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психанализа“.

Исто така, м-р Јасмина Наумоска зела учество на повеќе симпозиуми со свои изложувања, летни школи и работилници во земјата и странство. Има објавено 9 статии во списанија со домашен и меѓународен уредувачки одбор.

Учество на симпозиуми, конференции, предавања, работилници, летни школи:

уреди

2013, 25-26. 10. - Секциско предавање на меѓународна конференција - „2400 години од формирањето на Платоновата Академија“, на тема: „Платоновите дијалози: применета херменевтика“ (Plato's dialogues: hermeneutics into action)

2013, 20. 03. - Одржано предавање на „Богословско-филозофски колоквиум“ со наслов „Интерпретација и објективност: случај Платон“.

2013, 26. 02. - Одржано предавање пред „Сојуз на интелектуалци од трето доба“ со наслов „Платоновото ненапишано учење - или за вредноста и статусот на пишувањето и зборувањето“.

2012, 01. 12. - Секциско предавање на научен собир со меѓународно учество - First International Interdisciplinary Conference for Young Scholars in Social Sciences and Humanities - CONTEXTS, Faculty of Philosophy, University of Novi Sad; Платон и Дерида - „Pharmakon“ и „Khôra“ како Différance

2012, 15. 11. - Учество на симпозиумот „Филозофијата на крстопат: аналитичка и/или континентална филозофија“ во организација на Филозофското друштво на Македонија и Институтот за филозофија, излагање на тема: „Континентален и аналитички Платон - ’изгубени во интерпретацијата’“

2012, 20. 04. - Одржано предавање на покана на Florida State University, Tallahassee, Florida - "What is Byzantine Philosophy?"

2012, 24-25. 02. - Учесничка во работилницата "Russel M. Dancy Werkmeister Workshop", Florida State University, Tallahassee, Florida.

2011. 17. 11. - Учество на симпозиумот „Делото на Дејвид Хјум - по повод 300-та годишнината од раѓањето на филозофот“ во организација на Филозофското друштво на Македонија и Институтот за филозофија, излагање на тема: „Античките корени на Хјумовиот скептицизам“

2010 - 20. 11. - Учество на симпозиумот „Делото на Артур Шопенхауер - по повод 150-та годишнина од смртта на филозофот“ во организација на Филозофското друштво на Македонија и Институтот за филозофија, излагање на тема: „Шопенхауер и Платоновите идеи“.

2008, 1-10. 09. - учество на Европскиот универзитет на тема „Употребите на нормата: знаења, политика, општество“ (Usages de la norme : savoirs, politique, société) во Саранда, Албанија, во организација на Европскиот Универзитет од Тирана и мрежата OFFRES; учесник на работилницата „Правните норми“ („Les normes juridiques“), 04. 09. 2008.

Објавени статии:

уреди

„Филозофија на ангажираната свест - Морис Мерло-Понти.“ Филозофија 28 (2010) : 137-56.

„Шопенхауер и Платон.“ Филозофија 30 (2011) : 27-36.

„Природата на 'πρόληψις' во Епикурејската гносеологија.“ Systasis 19 (2011) <http://systasis.org/index.php?option=com_content&view=article&id=198&lang=en>

„Критериумот на вистината во Стоичката филозофија.“ Жива антика 60, 1-2 (2010): 109-124.

„Неколку парадигми во толкувањето на Платоновата филозофија.“ Годишен зборник на Филозофскиот факултет - Скопје 64 (2011) : 21-34.

„Античките корени на Хјумовиот скептицизам.“ Филозофија 34 (2013) : 37-44. „Континентален и аналитички Платон - изгубени во интерпретацијата.“ Филозофијата на крстопат: аналитичка и/или континентална филозофија (Зборник на текстови) : 64-74. „Феминистичко неканонско препрочитување на Платоновата филозофија.“ Годишен зборник на Филозофскиот факултет - Скопје 66 (2013) : 9-22.   Јасмина Наумоска е доктор по филозофски науки и доцент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Биографија

уреди

Јасмина Наумоска е родена во 1985 година во Скопје. Со одбраната на магистерскиот труд „Проблемот на познанието во стоичката и епикурејската филозофија“ во 2010 година се здобила со научен степен магистер по филозофски науки. Под менторство на проф. д-р Вера Георгиева, во април 2013 година, ја брани докторската дисертација на тема „Проблемот на интерпретацијата на Платоновата филозофија“. Професионално се усовршувала на Државниот универзитет на Флорида (Florida State University). Ја истражува историјата на филозофијата, особено античката, западната средновековна, византиската и ренесансната филозофија, како и проблематиката од областа на филозофската антропологија. Работи како доцент на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет - Скопје. Ја извршува функцијата на Генерален секретар на Филозофското друштво на Македонија и е помошник-уредник на меѓународното списание Филозофија/Filozofija - A Journal of Philosophical Inquiry.

Библиографија

уреди

„Природата на 'πρόληψις' во Епикурејската гносеологија.“ Systasis 19 (2011) <http://systasis.org/index.php?option=com_content&view=article&id=198&lang=en>

„Критериумот на вистината во Стоичката филозофија.“ Жива антика 60, 1-2 (2010): 109-124.

„Неколку парадигми во толкувањето на Платоновата филозофија.“ Годишен зборник на Филозофскиот факултет - Скопје 64 (2011) : 21-34.

„Античките корени на Хјумовиот скептицизам.“ Филозофија 34 (2013) : 37-44. „Континентален и аналитички Платон - изгубени во интерпретацијата.“ Филозофијата на крстопат: аналитичка и/или континентална филозофија (Зборник на текстови) : 64-74. „Феминистичко неканонско препрочитување на Платоновата филозофија.“ Годишен зборник на Филозофскиот факултет - Скопје 66 (2013) : 9-22.